ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.02.2023
Ова се сите добитници на Греми за 2023 година
Автор: Goce Author

65-тото издание на музичките награди „Греми“ донесе многу признанија за Хари Стајлс, Бијонсе, Кендрик Ламар и Адел.

  • „Греми“ наградата за „Најдобар албум на годината“ ја понесе Хари Стајлс за албумот „Harry’s House“.
  • Наградата за „Најдобар нов уметник“ ја доби Самара Џој, додека „Греми“ за „Најдобро издание на годината“ доби Лизо за „About damn time“.
  • Наградата за „Најдобра песна на годината“ ја доби Бони Раит за „Just like that“.
  • „Греми“ за „Најдобра поп соло изведба“ доби Адел за „Easy on me“, додека „Греми“ за „Најдобар денс/електронски албум“ доби Бијонсе за „Renaissance“.
  • Наградата за „Најдобар рап албум“ ја доби Кендрик Ламар за „Mr. Morale & the Big Steppers“.
  • „Греми“ за „Најдобар албум со урбана музика“ доби Бед Бани со „Un verano sin ti“, додека наградата за „Најдобро поп соработка“ добија Сем Смит и Ким Петрас за „Unholy“.

  • Награда за „Најдобар кантри албум“ освои Вили Нелсон за „A beautiful time“, додека „Греми“ за „Најдобра аренби песна“ доби Бијонсе за „Cuff it“.
  • Хари Стајлс го освои второто „Греми“ за „Најдобар албум за поп вокал“ за „Harry’s House“.
  • Бијонсе доби „Греми“ и за „Најдобро денс/електронско издание“ за „Break my soul“, додека награда за „Најдобар глобално музичко изведување“ добија Воутер Келерман, Закес Бантвини и Номчебо Зикоде за „Бајете“.
  • Наградата за „Најдобра соло кантри изведба“ доби Вили Нелсон за „Live forever“, додека „Греми“ зa „Најдобро аренби изведба“ доби Муни Лонг за „Hrs & Hrs“.
  • „Греми“ за „Најдобра рап изведба“ доби Кендрик Ламар за „Тhe heart part 5“, додека награда за „Најдобра метал изведба“ добија Ози Озборн и Тони Јоми за „Degradation rules“.
  • Награда за „Најдобра рок изведба“ доби Бренди Карлајл за „Broken horses“ додека „Греми“ за „Најдобар рок албум“ доби Ози Озборн за „Patient number 9“.
  • „Греми“ за „Најдобар алтернативен албум“ доби „Вет лег“ за „Wet leg“, а награда за „Најдобар традиционален аренби настап“ повторно освои Бијонсе за „Plastic off the sofa“.

  • Стив Лејси за „Gemini rights“ освои „Греми“ за „Најдобар прогресивен аренби албум“, а награда за „Најдобар аренби албум“ освои Роберт Гласпер за „Black radio III“.
  • Кендрик Ламар освои и „Греми“ за „Најдобра рап песна“ со „The heart part 5“, додека за „Најдобар комичен албум“ доби Дејв Чапел за „The closer“.
  • „Греми“ за „Најдобар фолк албум“ освои Медисон Канингхем за „Revealer“, додека награда за „Најдобра кантри песна“ доби Коди Џонсон за „Till you can’t’.
Претставата „Се случи еднаш во Женева“ со премиера во Народниот Театар Штип
Макфест 2024 – се е подготвено за старт