
Блокирањето на веб-страници во Словачка кои шират дезинформации од страна на Националната агенција за безбедност е чекор без преседан кој беше преземен против проруските веб-страници кои шират дезинформации, заговори, пропаганда и токсични наративи. За жал, ваквите активности беа исто така критикувани и дека наводно ја сузбиваат слободата на говорот.
ЕУ реагираше на руската агресија против Украина со воведување санкции за руските државни телевизиски канали РТ и за емитувањето на Спутник на територијата на целата Унија. Се тврди дека овие субјект ширеле манипулативна содржина, лажни информации и проруска пропаганда. Слично на тоа, Република Словачка е запознаена и за постоење на домашни субјекти кои ги шират овие наративи кон словачката и чешката јавност.
Колаж од фотографии од луѓе кои редовно се цитирани од Hlavný denník. Црвените букви на дното на сликата тврдат дека медиумите „секогаш стојат на страната на вистината“, и покрај тоа што цитираат проруски субјекти, пропагандисти и дезинформатори како што се опозициските политичари Лубош Блаха од СМЕР – Социјалдемократија или Едуард Хмелар од политичкото движење Socialists.sk (на сликата). Повеќето од прикажаните лица се цитирани и од други медиуми кои беа блокирани.
Националната агенција за безбедност (НСА) доби привремена надлежност да може да блокира веб-страници кои споделуваат штетни содржини во однос на руската агресија во Украина. Ова беше воведено како дел од пакетот мерки поврзани со ситуацијата во Украина. Мерката за блокирање на домените на овие веб-страници дојде по направената измена на Законот за сајбер безбедност која ѝ овозможи на Националната агенција за безбедност да одлучува за тоа кои штетни содржини или активности во онлајн просторот ќе ги блокира.
Агенцијата може да одлучи по сопствена иницијатива или врз основа на барање од друг субјект на кој тоа му е дозволено (полицијата или Словачката информативна служба).
Одлуката за блокирање на една интернет страница мора да вклучува: 1. идентификација на лицето кое управува со инфраструктурата која треба да биде блокирана, 2. идентификација на штетната содржина или активност, 3. причината и начинот на блокирање. Злонамерна содржина се дефинира како софтвер или податок што предизвикува, или има потенцијал да предизвика, инцидент во однос на сајбер безбедност; дефиницијата за штетна активност се однесува на измама, кражба на лични податоци или чувствителни податоци, сериозни дезинформации и други форми на хибридни закани.
Авторите на законските измени предлог го потенцираа фактот дека во последно време во Словачка постои пролиферација на дезинформации и на лажни статуси. Целта беше да се влијае на јавното мислење и да се биде дел од руската пропаганда при известувањето за војната во Украина.
Агенцијата ја употреби мерката за блокирање на вкупно четири медиуми кои ширеа дезинформации – Armádny magazin, Hlavné správy, Hlavný denník и InfoVojna. Институцијата вели дека дека нивните „штетни активности директно се поврзуваат со извори кои се платени од руски субјекти а се насочени кон манипулирање со јавното мислење“. Всушност, сите споменати веб-страници се на лош глас за ширење проблематична проруска содржина. Три од нив беа вклучени на листата на врвни проруски извори во Словачка која беше креирана неодамна од страна на технолошката компанија Герулата технологии.
Веб-страницата InfoVojna не се споменува тука, но на оваа листа се најдоа нејзината Фејсбук страница и профилот на YouTube.
Содржината на InfoVojna беше исто така предмет на проценка од страна на тимот кој работи во рамките на независниот портал за проверка на факти Konspiratori.sk, кој ја класифицираше со оценка 8,8 од 10 (10 е најлош квалитет на информации). Armádny магазинот има оценка 7,2. Оваа иницијатива ги оценува веб-страниците според неколку критериуми, како што се објавување псевдонаучна содржина, дезинформациски наративи или екстремистичка содржина.
Според главниот уредник на Infosecurity.sk, Матеј Спишак, главниот проблем со Hlavný deník беше дека медиумите споделуваат проруски содржини кои се објавени од Фондацијата за стратешка култура, која е пријавена од американскиот Стејт Департмент како субјект раководен од руската надворешна разузнавачка служба СВР (Надворешно разузнавачка служба на Руската Федерација).
Веб-страниците Hlavné správy и Armádny magazin неодамна беа инволвирани во шпионирање во корист на Русија, користејќи еден од нејзините автори, Бохуш Гарбар.
Автор: МИХАЕЛА РУЖИЧКОВА
(Текстот е напишан во рамките на Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica. Оригиналната објава можете да ја прочитате тукa.)