ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.01.2022
Пандемијата – богатите побогати, сиромашните посиромашни

Пандемијата ги направи најбогатите луѓе во светот уште побогати, а сиромашните уште посиромашни, покажа истражувањето на хуманитарната организација Оксфам.

Фото: Oxfam.org

Во извештајот уште се наведува дека дури и помалите примања на сиромашните предизвикуваат повеќе од 21.000 луѓе да умираат секој ден.

Но, 10-те најбогати луѓе во светот го удвоија своето богатство од март 2020 година.


Кој е  најбогатиот млад претприемач на светот?


Оксфам извештајот за глобалната нееднаквост обично го објавува пред Светскиот економски форум во Давос.

Фото: Weforum.org

На настанот, кој се одржува во ски-центар во Швајцарија, вообичаено присуствуваат илјадници компании и политички лидери, познати личности, активисти, економисти и новинари.

Сепак, втора година по ред, оваа средба (закажана за оваа недела) ќе се одржи онлајн поради ширењето на вирусот омикрон коронавирус.

Годинава на Светскиот економски форум во фокусот пандемијата, вакцините и енергетската криза

Дени Срискандараја, извршниот директор на Оксфам, вели дека оваа организација секоја година го темпирала извештајот да се совпаѓа со состанокот во Давос, со цел да го привлече вниманието на економската, деловната и политичката елита.

„Секој ден за време на пандемијата се раѓа уште еден милијардер, а во исто време 99 отсто од светот живее на работ на сиромаштија поради заклучување, помала трговија, пад на туризмот – резултатот е уште 160 милиони луѓе турнати во сиромаштија“, рече тој, додавајќи дека нешто длабоко не е во ред во економскиот систем.

Фото: Enterprise World

Според листата на Форбс, најбогати луѓе во светот се: Илон Маск, Џеф Безос, Бернард Арно и неговото семејство, Бил Гејтс, Лери Елисон, Лери Пејџ, Сергеј Брин, Марк Закарберг, Стив Балмер и Ворен Бафет.

Нивното вкупно богатство се зголеми од 700 милијарди на 1,5 трилиони, но меѓу нив постои значајна разлика, со тоа што богатството на Маск порасна за повеќе од 1.000 отсто, а на Гејтс за 30 отсто.

Како Оксфам го прави ова истражување?

Извештајот на Оксфам се заснова на податоците од листата на милијардери на Форбс и годишниот извештај за глобално богатство на Credit Suisse, кој ја следи распределбата на глобалното богатство од 2000 година.

Истражувањето на Форбс ја користи вредноста на имотот на поединецот, главно недвижен имот и земјиште, намалени за долговите, а потоа одредува што поседува тој или таа.

Податоците не ги вклучуваат платите или приходите.

Оваа методологија и претходно беше критикувана, бидејќи значи дека студент со големи долгови, но со висок потенцијал за идна заработка, на пример, би се сметал за сиромашен според користените критериуми.

Од Оксфам велат дека поради фактот што цените пораснале за време на пандемијата, тие го прилагодиле американскиот индекс на потрошувачки цени (CPI) за стапката на инфлација, што следи колку брзо растат трошоците за живот со текот на времето.

Фото: Oksfam.org

Во извештајот на Оксфам, кој се заснова на податоци од Светска банка, се наведува и потежок пристап кон здравствената заштита, поголема потреба за храна, зголемено родово насилство и климатски промени, што придонело по едно лице да умира секоја четврта секунда.

160 милиони луѓе живеат со помалку од 5,50 долари (околу 300 денари) дневно поради влијанието на пандемијата.

Светска банка користи 5,50 долари дневно како мерка за сиромаштијата во земјите со повисоки среден приход.

Во извештајот се наведува и дека:

Пандемијата ги принудува земјите во развој да ги намалат трошоците за социјална помош додека растат националните долгови

Половата еднаквост е поткопана, 13 милиони жени се помалку вработени отколку во 2019 година, а повеќе од 20 милиони девојчиња можеби никогаш нема да се вратат на училиште

„Дури и за време на глобалната криза, неправедните економски системи успеваат да ги наградат најбогатите, но не и да ги заштитат најсиромашните“, рече Срискандарај.

Тој додава дека политичките лидери сега имаат историска можност да поддржат похрабри економски стратегии и да го „променат смртоносниот курс по кој се наоѓаме“.

„Тоа треба да вклучи многу понапредни даночни политики кои носат повисоки давачки за капиталот и богатството, при што приходите ќе се трошат за квалитетна здравствена и социјална грижа за сите“, рече Срискандарај.

Оксфам повикува и на откажување од правата на интелектуална сопственост на вакцините против Ковид, со цел да се овозможи пошироко производство и побрза дистрибуција.

Претходно овој месец, претседателот на Светска банка Дејвид Малпас изрази загриженост поради ширењето на глобалната нееднаквост, тврдејќи дека влијанието на инфлацијата и мерките за борба против неа, најверојатно, ќе им нанесат поголема штета на посиромашните земји.

14 држави го тужат TikTok
Сиромаштија опфаќа над 120.000 деца во Македонија