ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.01.2025
Париз и понатаму најатрактивна дестинација
Автор: Goce Author

Париз е најатрактивен град за туристи четврта година по ред. Втората и третата најпопуларна дестинација се Мадрид и Токио, додека Рим е на четвртото место. Изненадувањето се две дестинации кои привлекоа милиони туристи по пристигнување и транзит на патници во 2024 година – Бангкок и Истанбул.

Листата на најпосетувани градови во светот во текот на претходната година ја направи „Еуромонитор интернешенел“, врз основа на параметри како што се туристичките посети, одржливоста, економскиот аспект на посетите на градовите во светот.

Компанијата „Euromonitor International“ е светски лидер во аналитика на податоци и истражување на пазарот, индустријата, економијата и потрошувачите. Компанијата има 16 канцеларии ширум светот и се занимава со туризам и аналитички податоци во над 210 земји.

Истражувањето спроведено од гореспоменатата компанија се заснова на 55 различни метрики, поделени во шест клучни области кои се применуваат во 100 градови во светот. Параметрите се: економија и бизнис, туризам, туристичка инфраструктура, туристичка политика со атрактивноста на градовите, безбедност и здравје и одржливост.

Европските градови најприсутни на туристичките листи, но н е заостануваат ни азиските

Според годишниот извештај на оваа компанија, европските градови најмногу се најдоа на туристичките листи. Во претходната година е забележан зголемен број посети на неевропски градови. На ВТА листата се издвојува Азија, со два града во првите десет омилени дестинации.

Градовите на развиените пазари просперираат поради зголемената побарувачка за патувања во 2024 година, при што глобалните меѓународни пристигнувања се зголемени за 19 отсто во однос на претходната година.

Европа остана најпопуларна, достигнувајќи 793 милиони меѓународни патувања за една година. Бангкок беше на врвот на листата на меѓународни пристигнувања по град со 32,4 милиони патувања во 2024 година.

„Во 2024 година, големите градови користеа спортски и културни настани за да ги зголемат приходите од туризмот. Подобрувањето на инфраструктурата и континуираниот маркетинг го привлекоа вниманието на патниците, отворајќи подобар профит и раст. Се уште постои загриженост за прекумерен туризам, па се зголемени давачките – такси и даноци“, истакна претставникот на компанијата.

Париз европски, Бангкок азиски лидер

Бангкок е скапоцен камен на Тајван, изненадување за бројот на меѓународни пристигнувања

Бангкок, главниот град на Тајланд, во 2024 година го посетиле 32,4 милиони туристи, што е за околу 37 отсто повеќе од претходната година. На второ место според бројот на туристички посети е Истанбул, кој го посетиле 23 милиони луѓе, а кој во 2023 година бил прв на листата.

Идеални дестинации за кратки викенд патувања во Европа

Со многубројните културни атракции, разновидните пазари и уникатните понуди, Бангкок е омилен меѓу туристите. Се нарекува и Град на ангелите. Тој нуди мноштво атракции, од културни знаменитости до модерни атракции, спојувајќи ја богатата историја со модерниот живот.

Познат по живите и бучни улици, како и живиот ноќен живот и познатите храмови.

Велат дека во Бангкок сè започнува со обиколка на Големата палата, која била изградена во 1782 година и во која кралското семејство живеело 150 години. Денес се користи како кралска резиденција.

Бангкок го држи Гинисовиот рекорд за најдолго официјално градско име во светот. Исто така, главниот град на Тајланд е познат како еден од најжешките градови во светот со просечна температура од 28 степени.

Париз, Мадрид, Рим,но и Истанбул не заостанува како омилен туристички град

Според проценките на туристичките агенции, околу 23 милиони туристи го посетиле Истанбул во 2024 година. Град со многу енергија, познат по традиција, гастрономија, бучен, жив, гостопримлив, на два континента, каде што се спојуваат истокот и западот. Овој град, поради својата големина и постојаната гужва на улиците, бара добар план за посета.

Истанбул – град на седум ридови, мегалополис, на два брега кои ги обвиваат две мориња: Марморно и Црното. Најнаселен европски град, седми по големина во светот. Град кој го дели Босфорскиот теснец, два брега кои не се фатени со поглед, со модерен дух во кој се испреплетува традицијата. Запечатена од различни религии, постои од седмиот век, кога била основана колонијата Византија.

Метапневмовирус не е нов вирус, нема опасност за нов Ковид
Маск го спореди Сорос со Палпатин од „Војна на звездите“