ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.04.2025
Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Автор: Goce Author

Патувачки пропусници низ Европа за млади до 18 години нуди Европската Комисија, преку програмата DiscoverEU 2025, објави Министерството за образование и наука.

-Преку Програмата DiscoverEU 2025 Европската комисија им овозможува на избраните апликанти да патуваат со воз најмногу до 30 дена во периодот од 1 јули 2025 до 30 септември 2026 година, со цел културно истражување и едукативни доживувања низ Европа, објави МОН.

Право на аплицирање имаат лица родени помеѓу 1 јули 2006 и 30 јуни 2007 година, кои се жители на земји членки на ЕУ или на земји поврзани со програмата Еразмус+ (Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција).

Крајниот рок за пријавување е среда, 16 април 2025 до 12 часот, преку Европскиот младински портал (https://youth.europa.eu/home_en). Пријавата вклучува проверка на исполнување на условите и краток квиз за ЕУ, по што следува електронска апликација.

-Пропусниците ќе бидат доделени врз основа на ранг-листа, сè додека не се потрошат сите. Учесниците можат сами да го осмислат своето патување или да изберат една од предложените тематски маршрути инспирирани од приоритетите на ЕУ, како што се Зелената рута (која вклучува наградени зелени градови и природни паркови) и рутите на Новиот европски Баухаус (фокусирани на иновации, одржливост и урбан дизајн). Дополнително, добитниците ќе добијат попуст-картичка што важи во 36 земји и нуди попусти за превоз, сместување, културни локации, храна, спорт и други активности, се набедува во известувањето.

Дали Еразмус е само за забава и патување или нуди академска вредност?

Програмата нуди специјална поддршка за млади со попреченост, здравствени состојби или ограничени можности, како и дополнителна логистичка помош за апликанти од рурални, островски или оддалечени региони.

Без филозофија ризикуваме да создадеме генерација без аналитичко расудување
Д-р. Јовева: “На прагот сме на нова ера во третманот на Паркинсонова болест”