ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.02.2022
Пендаровски: Да се излезе во пресрет на младите и нивните потреби
Автор: Goce Author

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на програмата „Млади менаџери и деловни лидери”, која се одржува под негово покровителство.

Фото: pretsedatel.mk

Претседателот Пендаровски во своето обраќање порача дека треба да сме горди што во нашата држава имаме млади кои не запираат само на степенот на своето формално образование, туку имаат желба да продолжат со учење, да ги прошируваат своите интелектуални хоризонти и да ги усовршуваат своите вештини и таленти. Тој потсети и на една од главните цели поради која е иницирана „Рамката за развој МКД 2030″, што неодамна е промовирана, а тоа е да се излезе во пресрет токму на потребите на младите, со крајна цел да се намали одливот на стручни кадри од земјата.

Програмата „Млади менаџери и деловни лидери” се реализира преку соработка меѓу Кабинетот на Претседателот и Советот на странски инвеститори. Во неа учествуваат триесет и двајца млади лица и осумнаесет компании кои ги ставија на располагање своите капацитети за младите да имаат можност да стекнат нови, практични знаења. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Пендаровски. Програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери” оваа година ја продолжуваме со  проширен состав на учесници, што сведочи дека сме успеале да го поттикнеме вашиот интерес, но и дека минатогодишните учесници покажале квалитет.

„Особено ми е чест што оваа програма е препознаена и вреднувана како успешна и од нашата бизнис-заедница. Годинава имате можност да соработувате со врвни професионалци од вкупно 18 големи наши компании од кои десет се нови во процесот, и се разбира, имате можност да учите од нив. Сите тие компании ви ја даваат својата доверба, отворени се да ги слушнат вашите бизнис-планови и идеи и сакаат да придонесат во вашата стручна обука и професионална надградба“ – рече Пендаровски.

Фото: Претседател на РСМ

Пендаровски – целта на програмата е да се бараат начини за намалување на одливот на стручни кадри

Треба да сме горди што во нашава држава имаме млади кои не запираат само на степенот на своето формално образование, туку имаат желба да продолжат со учење, да ги прошируваат своите интелектуални хоризонти и да ги усовршуваат своите вештини и таленти. Тоа треба да нѐ охрабрува сите нас, согласно со ресурсите на располагање, да им дадеме шанса со што ќе го отвориме патот за нивна професионална реализација.

Пендаровски нагласи дека една од главните цели поради која е иницирана „Рамката за развој МКД 2030″, е да се излезе во пресрет токму на потребите на младите, со крајна цел да се намали одливот на стручни кадри од земјата.

„Многупати сум кажал дека од клучно значење е да ги лоцираме областите каде што имаме потреба од вложувања и од инвестиции и таму да ги насочиме нашите ресурси. Во таа смисла, особено важно е да се адаптира пазарот на труд на реалните потреби. А тоа значи да продуцираме стручни кадри кои навистина нѝ се потребни, кои ќе бидат способни да го одржуваат развојот на државата и да придонесат за натамошен прогрес на општеството“, рече Претседателот Пендаровски.

Врање и Струмица: Професорите неми соучесници во насилството врз ЛГБТ+ учениците

Оваа програма е замислена младите да почувствуваат како практично функционира бизнисот од прва рака, да добијат конкретна можност да дадат свој придонес, но истовремено претставува и тест за преиспитување на нивните индивидуални афинитети и капацитети.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?