ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.12.2021
Пендаровски се обраќа, Заев заминува, нова Влада доаѓа – турбулентен крај на 2021

Фото: Претседател на РСМ

Традиционалното годишно обраќање  на Претседателот на државата ќе се одржи денеска напладне. Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Како што е вообичаено, се очекува Пендаровски да говори за актуелните случувања и за очекувањата за наредната година. Годинава (впрочем како и во повеќе од последните години), обраќањето на Претседателот доаѓа во турбулентен политички период, во момент кога од една страна се формира нова влада, заминува премиерот Заев, опозицијата бара предвремени избори, останавме без датум за преговори со ЕУ, спорот со Бугарија останува тежок и речиси нерешлив товар…

Пендаровски својот годишен говор во Собранието го одржува пред најавена оставката на премиерот Зоран Заев.  Премиерот во заминување во минатата недела најави дека оставката ќе ја поднесе во текот на наредната седмица и изрази очекување по формализирањето на оставката во Собранието, негов наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски. Пендаровски по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на добивањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?