Младите во Македонија константно се соочени со избор – барање на иднина надвор од границите, или останување овде и конкурирање на пазарот на труд.
Долги години со оваа дилема се соочуваат најголем дел од младите кои завршуваат високо образование, и исто толку години актуелно е мислењето дека на голем процент од младите прв избор им е заминувањето во странство. Оваа ситуација е дополнително посложена во помалите средини, каде изборот на можности за работа е сиромашен, стеснет, и нема многу прстор за креативност. Поради овие сознанија од анкетите на goce.mk за можностите за работа за младите во помалите средини, во „Соба за дискусија“ одлучивме да разгивараме за состојбата токму во една таква мала средина. Станува збор за Гевгелија, пограничнен град кој е на самата граница со Грција. Карактеристика за овој град е дека доминираат казината и хотелите, па и можностите за вработување се во најголем дел ограничени на овие дејности.
За перспективата на младите од помалите средини разговаравме со проф. Тони Аврамов, долги години професор по Македонски јазик, проф. д-р Татјана Бошков, деканка на Факултетот за туризам и бизнис логистика кој има седиште во Гевгелија, Тијана Ристовска, Застапник на УНИЦЕФ за правата на младите во југоисточниот регион, Бoшко Софијанов, младински активист од невладината организација Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија. Како пример пак на млади кои излегле од матрицата која ја наметнува актуелната ситуација и секојдневието, ги имаме Кирил Ѓуров и Ангел Ѓоргиев, кои не чекале, туку започнале со своја работа онлајн.