ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.12.2022
Пет училишта во Кавадарци евакуирани поради дојави за бомби
Автор: Goce Author

Анонимните дојави за поставени бомби во училишта се преселија и надвор од Скопје – денеска цел на анонимните дојави е Кавадарци. Во пет училишта стигнала дојава за наводно поставени бомби, а подоцна била евакуирана и градинка, која била бвлиску до едно од училиштата.

Денеска (05.12.2022) околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта (две средни и три основни) во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајите.

Евакуирани се учениците од ООУ ,,Тоде Хаџи Тефов’’, и подрачно училиште во село Бегниште, ,,Димката Ангелов Габерот’’ Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, ,,Страшо Пинџур’’ , и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново, СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов’’ и СОУ ,,Ќиро Спанџов Брко’’.

Ученици евакуирани поради нови дојави за бомба во училиштата

Инаку заканите за бомби започнаа кон крајот на октомври, во средни и основни  училишта во Скопје. Дојава за поставена бомба имаше и во училиште во Крива Паланка. Денеска е прв пат во Кавадарци да бидат упатени закани за поставени експлозивни направи во училишта.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?