ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.02.2022
Питачењето е злоупотреба на деца која системот не ја спречува
Автор: Goce Author

Питачењето и злоупотребата на деца е појава која сите ја гледаме секојдневно, но системот долги години не наоѓа начин да ја спречи.

Фото: Vrabotuvanje.mk

На сите крстосници, на улиците, во рестораните, тие се околу нас, во мисија да бараат пари, кои потоа најмалку им послужуваат ним. Најчесто станува збор за организирани групи, каде децата всушност се жестоко злоупотребени.

Здружението „Градиме иднина“ реализира истражување на тема „Стоп за питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“, во рамки на проект започнат на крајот на минатата година. Според добиените резултати,четири илјади деца и луѓе на поголема возраст питачат во цела држава, а околу 50 деца на возраст од 3 до 14 години користат наркотични средства.

4000 деца во Македонија се под ведро небо, 18.700 не се во училишните клупи

Претседателот на здружението, Илија Јовановски вели дека досега три малолетни деца од тригодишна возраст починале од користење лепило и наркотични средства.

„Околу 4 илјади деца во нашата земја се под вердо небо, 18.700 не се во училишните клупи, а 1.500 деца од ромската популација не се евидентирани со матични броеви, рече претседателот на здружението“, Илија Јовановски.

Фото: FB Ilija Jovanovski

Во истражувањето се наведува дека само во Скопје бројката на децата питачи е зголемена од 70 на 100. На средба Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска од Здружението  побарале дополнување и измени во Законот за заштита на децата. Јовановски нагласува дека тие како невладина организација бараат институционално да се решаваат проблемите, затоа што истражувањето меѓу другото покажало малите деца за време на питачењето делуваат поагресивно и ги малтретираат и понижуваат возачите.

Апел до возачите – не им давајте пари на питачите, така не им помагате

„ Еден апел до возачите – престанете да помогнете со давање пари на децата кои питачат. Државата и Министерството се должни да го решат овој горлив проблем. Откако ќе се прекрати пружењето рака кон таа категорија, ќе се реши со побрзи чекори да се отстранат од овие локации каде што се маркирани сите локации за питачењето. Апелирам и барам од Министерството за труд и социјална работа проблемите на Ромите во цела држава да се решат, како што е решавање на здравствените проблеми, образованието, околу вработувањето, да се отворат работилници“, рече Јовановиќ.

Извештај на „Меѓаши“Децата најзагрозени во семејните односи

Во наредниот период Здружението „Градиме иднина“ ќе организира тркалезна маса со сите надлежни институции и амбасадори во нашата земја за да добијат поддршка и помош за да вршат притисок врз Владата и институциите со цел да има подобро утро за овие деца кои користат наркотични средства.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?