
Питачите и чистачите се секојдневен декор на улиците посебно низ Скопје. Речиси и да нема крстосница на која нема даца кои питачат или пак ви нудат да го исчистат стаклото на автомобилот.

Фото: FB gradimeidnina
Здружението „Градиме иднина“ од Скопје во минатите седум месеци спроведува проект „Стоп за питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“. Според Илија Јовановиќ, претседател на здружението, за овој период се постигнати резултати, но и се „разбудени“ институциите да делуваат во врска со овој проблем.
„Нашите волонтери одржуваат дежурства во 4 смени од 35 мобилни екипи на целата територија на град Скопје, по 8 часовни смени секојдневно од понеделник до недела на сите локации каде што ги има питачите и чистачите на автомобилски стакла. До сега за 7 месеци се отстранети, предупредувани и опоменувани секојдневно на ден од 60 до 80 лица. Тие се на возраст од новороденчиња, мали деца на возраст од 2 до 5 и 7 годни исто од малолетни деца на возраст од 8 до 15 годишна возраст кои се постојано на улица, под ведро небо со питачење, чистење и бришење на автомобилски стакла по булевари, семафори и т н, посочува Илија Јовановиќ.
„Родители и лажни родители се на возраст од 13 до 28 и од 30 до 60 години, питачи, непознати сторители и невистински родители кој држат други деца од други непознати биолошки родители. Нивното работно време и питачењето со чистење на автомобилски стакла им започнува од 9 ч наутро, а трае до 01:30 а некогаш и до 3 или 4 часот наутро сме морале да дежураме и до 5 ч наутро.

Фото: FB gradimeidnina
Многу малолетни и возрасни деца и родители користат лепила и дуваат постојано и имаат кеси со лепило за дување на лепило и се во несвесна состојба. Повеќето лица постојано носат со себе остри предмети и сечила од ножеви, скалпери и други остри предмети кој еден напад јас лично сум го имал од лице кое користи лепило и е под постојана несвесна состојба. За 212 дена се отстранети 2.350 лице од питачење, и чистење на автомобилски стакла“ – вели Јовановиќ.
Питачењето е злоупотреба на деца која системот не ја спречува
Според она што може да се види на улиците, питачите и чистачите секојдневно се таму, па она што ова здружение го постигна е всушност потврда дека е потребна многу поголема ангажираност на институциите. Досега сите обиди за институционално решавање и заштита на овие злоупотребувани деца не го постигнуваат саканиот ефект. Поединечните примери и ентузијазам како овој на „Градиме иднина“ се за поздравување, но повеќе од јасно е дека институциите и државата мораат посериозно да се зафатат со пробпемот со децата питачи и чистачи.