ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.04.2022
Планетата Земја нема да се зачува сама
Автор: Goce Author

Денот на планетата Земја денеска се одбележува во целиот свет, со потсетување дека владите во државите, како и сите жители на планетата имаат најголема одговорност за нејзино зачувување.

Фото: farmersalmanac

Министерството за животна средина и просторно планирање со порака за денот на планетата Земја: „За овој роденден на нашата планета која е и наш единствен дом, Министерството за животна средина и просторно планирање упатува порака и ги повикува сите и институциите и бизнис заедницата, граѓанските организации и движења, секој поединец – Сите заедно сега! Ова е моментот да се промени деловната клима, политичката клима и начините на кои преземаме активности и одговорности за климата. Сега е време за непоколеблива храброст во зачувувањето и заштитата на нашето здравје, нашите семејства, нашите средства за живот… заедно, мораме да инвестираме во нашата планета, затоа што зелената иднина е просперитетна иднина“, е наведено во нивното соопштение.

„Треба да дејствуваме (храбро), да иновираме (широко) и да имплементираме (правично). Треба да се вклучиме сите – секој да биде вклучен и секој да биде одговорен. Време е за партнерство за планетата. И додека уште има време да се реши климатската криза, време e да се избере просперитетна и одржлива иднина и време е да се обнови природата и да се изгради здрава планета за нашите деца и нивните деца. Времето е кратко. За овој ден, за сите, секој ден, инвестирајте во нашата планета!“, велат од ова министерство.

Денот на планетата земја се одбележува на светско ниво, а темата на овогодинешниот Светски ден на е „Инвестирајте во нашата планета“

Зелените инвестиции за одржлива иднина ќе бидат во фокусот на организаторите од мрежата на Earth Day, чија мисија е да ги диверзифицира, едуцира и активира еколошките движења ширум светот.

Повеќе од милијарда луѓе и над 150.000 партнерски организации учествуваат во активности во 192 земји на 22 април секоја година, со што Денот на планетата е најголемиот граѓански настан во светот, соопшти организацијата.

Фото. earthday.org

Мрежата  Earth Day (Ден на планетата Земја) има намера да вклучи влади, институции, организации, поединци и компании во единствена глобална кампања чија цел е да се надминат ограничувањата наметнати од индустријата и економијата засновани на фосилните горива и да се префрли фокусот на создавање економија на 21 век што ќе ја врати грижата за планетата и живиот свет и ќе отворат нови можности за сите, изјави претседателката на оваа организација Кетлин Роџерс.

Доколку економијата не реагира веднаш, климатските промени дополнително ќе ја оштетат економијата, ќе ја зголемат сиромаштијата, ќе го одземат профитот и изгледите за работа и ќе влијаат на сите нас, се вели во платформата за Денот на планетата Земја.

Веќе не се работи за избор помеѓу зелен и долгорочен профит, бидејќи одржливоста е патот до просперитетот. Денешниот императив е компаниите од сите големини да преземат акција и да ги прифатат придобивките од зелената економија, како од хуманитарни, така и од деловни причини.

Регулативите и прописите, стимулациите и јавно-приватните партнерства се клучот во рацете на светските влади за трансформација и изградба на зелена економија, оценува мрежата.

Глобалната индустрија за фосилни горива добива субвенции од 11 милиони долари секоја минута, што е над 5,9 трилиони долари годишно, а таа сума расте, забележува мрежата Ден на планетата Земја.

Потребно е да се премине кон политики и партнерства кои градат обновлива економија, со цел да се започне револуција за одржливост.

На планетата живеат 4,2 милијарди жители повеќе од 1970

И владите и компаниите и поединците се плашат од промени, но статус кво во модерниот начин на живот се трансформира пред нашите очи, забележува организацијата. Неопходно е да се достигне нето нула емисија на стакленички гасови до средината на векот, со цел да се задржи растот на глобалната температура под 1,5 степени Целзиусови.

Откако Денот на планетата Земја првпат беше прославен во 1970 година, населението се удвои од 3,7 на 7,9 милијарди. Глобалните емисии на јаглерод диоксид се зголемија од 13,7 на 36,3 милијарди тони годишно.

Глобално затоплување – Антарктикот ги „збунува“ научниците

Просечната температура на површината на планетата се зголеми за 0,94 степени Целзиусови. Површината на глечерите се намали од 6,9 на 4,7 милиони квадратни километри, а нивото на морето се зголеми за 12 сантиметри.

Уништена е една петтина од тропските шуми во Амазон, односно околу 743 илјади квадратни километри. Според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), над 40.000 видови се загрозени и им се заканува исчезнување. Од нив, 14 отсто се видови птици, 26 проценти се цицачи, а 40 отсто се водоземци, додека во поновата историја 897 животински видови се целосно изумрени и исчезнати.

(Колумна) Што е демократија? Сигурно не ова што го гледаме денес
И родителите зависни од мобилните телефони