
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33 011 денари, соопштува Државниот завод за статистика. Ова е зголемување во однос на минатиот месец се должи на зголемувањето во секторите Трговија на големи и мало, поправка а моторни возила, објекти за сместување и административни услужни дејности.

Кај вработените во трговија на големо и мало има најголемо зголемување и тоа изнесува 18,7%. Сепак овие работници земаат плата која е под просекот и таа изнесува нешто над 32 илјади денари.
Намалување на платата е забележано во секторите снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, објекти за сместување и серивсни дејности со храна и уметност забава и рекреација.
Намалувањето кај вработените во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е најголемо и тие земаат 4,5% помала плата од минатиот месец. Сепак кај овие вработени платата е над просекот и таа изнесува близу 43 илјади денари.
Најголема просечна плата имаат вработените во информации комуникации и таму просекот е близу 63 илјади денари. Во под секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности просекот е најголем – 84 илјади денари.