ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.05.2025
Платена пракса за студенти во седиштето на НАТО во Брисел

НАТО го објави повикот за пријавување на Интерншип програмата за 2026 година, со која се нудат платени шестмесечни пракси во седиштето на Алијансата во Брисел. Пријавувањето е отворено до 22 јуни 2025 година, а ова е одлична можност за студенти и штотуку дипломирани млади луѓе од земјите-членки на НАТО.

Аплицирај овде: https://bit.ly/4kgHlMW

Што нуди програмата?

  • Пракса од 6 месеци, започнува во март или септември 2026
  • Месечен надомест од 1.200 евра
  • 15 дена платен одмор
  • Рефундирање на трошоци за патување
  • Можност за вработување како привремен персонал или меѓународен цивилен кадар по завршување на праксата

Области во кои можете да стажирате:

  • Политика и меѓународни односи
  • Одбрана и безбедносна политика
  • Право
  • Човечки ресурси
  • Комуникации и маркетинг
  • Економија и финансии
  • ИКТ и сајбер безбедност
  • Наука и технологија

Кој може да аплицира?

  • Државјани на земји-членки на НАТО
  • Студенти кои имаат завршено најмалку 2 години факултет
  • Или дипломирани во последните 12 месеци
  • Познавање на англиски или француски јазик

Повеќе информации на инфо-сесија на 11 јуни

Дознај повеќе на онлајн инфо-сесија за НАТО програмата за пракса
Датум: 11 јуни 2025
Време: 16:00 ч.
Регистрирај се тука: https://bit.ly/3FiVYAq

 

Повик за апликации: Бесплатна обука и меѓународна сертификација во сајбер-безбедност за жени
Повик за пријавување: Меѓународна летна школа за европски студенти и истражувачи во Гориција, Италија