ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.02.2024
Почина Андреас Бреме: „Херојот на Светското првенство на Германија“
Автор: Goce Author

Легендата на германскиот фудбал Андреас Бреме почина на 63-годишна возраст откако доживеа срцев удар во неговиот дом во Минхен.

Андреас Бреме, беше специјалист за поставки кој можеше да игра на повеќе позиции, Бреме е најдобро запаметен по победничкиот пенал во финалето на Светското првенство на Германија во 1990 година. Неговиот удар од белата точка во 85-та минута беше постигнат во левиот агол со неговата „послаба“ десна нога кој славно и донесе на Германија победа од 1-0 над Аргентина во Рим, откако ја победи Англија во полуфиналето.

Иако почесто беше одбранбен играч, Бреме покажауваше исклучителна вештина да оди напред и да ја пронајде мрежата на својот противник, поседувајќи исклучително моќен и прецизен удар со двете нозе. Неговата визија за гол се покажуваше со фактот дека постигнал гол во секој клуб за кој настапуваше, како и во репрезентацијата на Германија.

Хамбург, родниот клуб на Андреас Бреме, му оддаде почит велејќи:

„Изразуваме сочувство и сочувство до семејството, роднините и пријателите. Нека „Анди“ почива во мир!“

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Климент Трајков

500 дечиња ќе трчаат на првата детска трка во Штип
Започнува финалната серија за одбојкарската титула , Струмица – Штип УГД