ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.10.2023
Почина првиот стенд ап комичар во Македонија – Војче Китановски
Автор: Goce Author

Еден од првите хумористи и сатиричари во Македонија, Војче Китановски, почина вчера на своја 68 годишна возраст. Често се зборуваше дека станува збор за првиот стенд ап комичар. Китановски кариерата ја започнал уште во поранешна Југославија, во своите студентски денови, баш по примерот на светските стенд ап комичари. Му дале шанса да ја забавува публиката на студентска забава во студентскиот дом, и од тогаш до вчера тој ја гради својата 50 годишна кариера.

Роден е во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод, за кое често знаеше да каже дека е најубавото место на светот.

Инаку е дипломиран шумарски инженер, а имал и лиценца за туристички водич.

Во својата долгогодишна кариера Војче настапувал пред студенти, пред армијата и пред бригадирите на работните акции, како и покрај Мики Јевремовиќ и Тома Здравковиќ.

Меѓу другото тој ја издаде книгата со најубавите вицеви за деца „Антологија на 500 вицеви за деца“ и книгата „Енциклопедија за хумор“, во која, преку своите доживувања и анегдоти раскажува за својот живот.

Помладата генерација ги знае денешните стенд ап комичари, но веројатно малку го познаваат човекот кој меѓу првите започна нешто слично на овие простори. Веројатно хуморот е различен со оној денес, но навистина е интересно да се види. Во продолжение споделуваме видео од стенд ап на Војче Китановски во далечната 1996 година.

 

Истражување: Над 60 отсто граѓани поддржуваат пристап кон ЕУ, пад од 20 отсто на перцепцијата за влијанието на САД во споредба со лани
Свети Валентин, Свети Трифун, вечна дилема…..