ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.06.2026
Почнува полагањето државна матура
Автор: Goce Author

Започнува полагањето на државна матура, со првиот екстерен предмет, кој се полага во сабота, 6 јуни, со почеток во 9 часот.

Учениците кои пријавиле полагање државна матура ќе го полагаат првиот екстерен предмет. Пријавените кандидати ќе ги полагаат тестовите по англиски, германски, француски, италијански и руски јазик, како и по математика (зависно кој што одбрал). Истиот ден, учениците кои пријавиле државна стручна матура, ќе полагаат англиски јазик и математика, а матурантите кои пријавиле уметничка матура ќе полагаат англиски јазик или историја.

Фото: Мета.мк

Испитите по мајчин јазик ќе се реализираат на 11 и на 12 јуни. Учениците кои пријавиле државната матура ќе полагаат на 11 јуни, а матурантите кои пријавиле државна стручна или државната уметничка матура, мајчин јазик ќе полагаат на 12 јуни, со почеток од 9 часот.

Испити на крајот на средното образование, односно екстерни испити годинава ќе полагаат 14.587 ученици. Државна матура се пријавиле да полагаат 12.184 матуранти, стручна ќе полагаат 2.276 ученици, а уметничка матура ќе полагаат 127 ученици.

Државната матура годинава ќе се полага по нова концепција и изменети испитни програми

Полагањето државна матура, стручна матура и  уметничка матура, годинава ќе се одвива според новата концепција со изменети испитни програми за учениците од стручно и уметничко образование, а за гимназиското остануваат истите испитни програми. Тестовите по предметите немало да се исти за сите ученици како досега, туку оваа година за прв пат ќе се полага согласно наставните програми за гимназиско, стручно и уметничко образование.

Три типа матура ќе полагаат средношколците годинава

„Поради помалиот фонд на часови по мајчин јазик во стручните и уметничките училишта, беа изработени нови испитни програми во соработка со Бирото за развој на образованието. Тестовите се усогласени со наставните програми, со цел учениците да можат соодветно да одговорат на прашањата. Подготовките за организација на испитите течат“, вели Јовчевска Михајловска.

На платформата matura.gov.mk е достапен базен на прашања и тестови што биле користени од 2008 година досега, каде матурантите можат да вежбаат и да се подготвуваат за испитите.

Полагањето втора година по ред ќе се организира во амфитеатри, предавалници, читалници и фискултурни сали. За училиштата кои немаат соодветен простор ДИЦ е предвидено да обезбеди дополнителни локации. Во Скопје, дел од матурантите ќе полагаат на повеќе локации, ќе се полага на УКИМ, оние од Штип ќе полагаат на УГД на УКЛО, Еконосмки факултет во Прилеп, ДУТ, Штулов. Дел од училиштата ќе ја реализираат матурата во училишните спортски сали и холови.

Електричните тротинети не се играчка
Дали модернизацијата на студентските домови ќе го „олесни“ џебот на студентите?