
„Патентниот фонд за лекови (МПП) потпишал договори со 27 генерички компании за производство на орален антивирусен лек против корона-молнупиравир и снабдување на 105 земји со низок и среден приход“, соопшти МПП, пренесува Ројтерс.
Фото:The Indian Express
Меѓународната организација MPP, со седиште во Женева, има поддршка од Обединетите нации.
Агенцијата за патенти на ОН склучи договори со речиси 30 фармацевтски компании за производство на генерички верзии на лекот Мерк молнупиравир против корона за посиромашните земји.
На овој начин, ОН сакаат да овозможат пристап до лекови за повеќе земји и луѓе во обид да ја потиснат новата пандемија на коронавирус.
Претходно, Мерк потпиша билатерален договор за лиценцирање со осум индиски производители на генерички лекови, вклучувајќи ги Aurobindo Pharma, Cipla Ltd, Dr. Reddy’s Labs, Emcure Pharmaceuticals, Hetero Labs, Sun Pharmaceuticals и Torrent Pharmaceuticals.
Фото: The Pharma Letter
Лекот на Мерк беше одобрен за употреба во итни случаи во САД во декември, откако беше докажано дека го намалува ризикот од болничко лекување и смрт кај пациенти со висок ризик за 30 проценти.
Од МПП наведуваат дека, според договорот, лекот ќе се дистрибуира во 105 помалку развиени земји, а ќе чини околу 20 американски долари.
Тоа е пакување од 40 таблети за пет дена.