
Новинарските редакции во светот наголемо ја користат вештачката интелигенција во својата работа – 49 % потврдиле дека користат ботови.
Апликациите кои користат вештачка интелигенција, како ChatGPT на OpenAI, „влегуваат“ во0 новинарските редакции, покажуваат резултатите од истражувањето на Светската асоцијација на издавачи (WAN-IFRA), според кое 49 отсто од испитаниците изјавиле дека нивните редакции користат ботови.
Photo by Jonathan Kemper on Unsplash
Главната примена е способноста на алатката да прегледува и сумира информации, на пример за резимеа или клучни зборови, се наведува во истражувањето. Неговата цел била да се смират стравувањата дека мрзливите новинари веќе користат вештачка интелигенција за производство на вести.
Извештајот беше објавен кон крајот на мај, пред одговорните на OpenAI и Google DeepMind, меѓу другите, да предупредат дека вештачката интелигенција може да предизвика уништување на човештвото. Нешто помалку мрачни пророштва, како она дека новата технологија може да доведе до исчезнување на многу работни места, се повторуваат со години.
Истражувањето покажува дека новинарите не ја гледаат таканаречената генеративна вештачка интелигенција како фатална за нивните кариери и покрај превирањата и неизвесноста во медиумската индустрија од подемот на Интернетот во 1990-тите.
Дури 70 отсто од испитаниците очекуваат дека вештачката интелигенција ќе биде „корисна за нивните новинари и редакции“. Главниот недостаток на нова технологија, е загриженоста за точноста и плагијатот. Ов а за новинарите се „нагазни мини“ кои можат нагло да ја завршат нивната катриера.
Само 38 отсто рекле дека се грижат за „безбедноста на работата“, а 82 отсто очекуваат нивните улоги „малку или значително да се променат“.
WAN-IFRA го опиша уделот од 49 проценти на оние што користат алатки како ChatGPT како „прилично извонреден“ со оглед на фактот дека тие станаа широко достапни дури кон крајот на 2022 година.