
Во 2024 година, бројот на дипломирани студенти во Македонија бележи пад. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годинава на додипломски студии дипломирале 7.021 студент – што е за 5.4 % помалку во споредба со 2023 година.
🔹 Редовни vs. Вонредни студенти
Од вкупниот број, 78.7 % или 5.526 биле редовни студенти, додека 21.3 % или 1.495 биле вонредни.
🔹 Дипломирање во рок?
Само 35 % од студентите дипломирале во предвидениот рок, додека останатите 65 % дипломирале подоцна.
🔹 Повеќе жени дипломирани
Жените се во предност – тие сочинуваат 59.4 % од вкупно дипломираните студенти.
🔹 Кои се најпопуларните области?
Бизнис, администрација и право се најзастапени области, каде дипломирале 26.5 % од студентите во првиот циклус на студии.