ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.04.2022
Попладне можна средба во Владата – ако нема договор штрајкот продолжува и утре
Автор: Goce Author

Се уште нема договор со министрите за прекин на штрајкот на просветните работници и вработените во градинките, изјави на денешната прес-конференција претседателот на СОНК, Јаким Неделков и најави дека е можно попладне да има средба во Владата.

„Има сигнал дека попладне ќе се сретнеме во Владата. Нашето очекување е во интерес на учениците, во интерес на децата во детските градинки, во интерес на родителите, во интерес на колегите кои штрајкуваат, да постигнеме договор во однос на зголемување на платите согласно Законот за минимална плата“, изјави Неделков.

Како што рече лидерот на СОНК, доколку нема договор, штрајкот продолжува и утре. Тој очекува да постигне и договор за динамика на пораст на платите во следните години.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?