
Од 4 до 6 јули годинава Д Фестивал ќе се одржува во Штип. После 14 години во Дојран, фестивалот годинава ќе се одржи под Исарот. Покрај промената на локацијата, се менува и името, од годинава се нарекува The Festival.
„По години магични изгрејсонца, музика под ѕвездите и слобода на брегот на Дојран, време е за ново поглавје. Полека и сигурно нашата Д заедница расте и како дете кое го напушта својот дом за да ги следи соништата, така и Д Фестивал тргнува по нов пат. Ова лето, за јубилејната 15-ка, нашиот фестивалски караван продолжува кон Штип, опкружени со планини и река, под Исарот“, објави организаторот „Пасворд продукција“.
Д Фестивал е најголемиот летен фестивал во државата, а има долга традиција на одржување во Дојран. Годинава планирано е да се одржува на задниот дел под Исарот, каде што моментално се наоѓа пешачката патека.