ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.09.2022
Порастот на вредноста на рубљата всушност има негативно влијание врз руската економија
Автор: Goce Author

Зајакнувањето на руската валута, рубљата, од почетокот на инвазијата на Украина, но и после санкциите воведени од Западот, може да бидат лоша вест за економската политика на оваа земја.

Имено, како што пишува Business Insider, зајакнувањето на рубљата за околу 40 отсто во однос на доларот всушност го загрозува нејзиниот приход од извозот на нафта и гас. Кога вредноста на валутата расте, тоа обично се гледа како знак на економска сила што ја одржува довербата на инвеститорите и го зајакнува трговскиот биланс на земјата.

Сепак, порастот на вредноста на рубљата од март може да биде лоша вест за Русија и Владимир Путин. Според последните пресметки од петокот, еден долар вреди нешто повеќе од 60 рубли.

„Одговорот на економската политика на Москва беше насочен кон зајакнување на локалната доверба и контрола на одливот на капитал, но не и кон упорно зајакнување на рубљата“, изјави за Business Insider Дмитриј Долгин, главен руски економист на ING.

„Брзото закрепнување на рубљата на предвоеното ниво беше добредојдено, но последователната апрецијација е всушност непријатна“, додава тој.

Москва се потпираше на „антикризни мерки“ како што се зголемување на каматните стапки од 9,5 на 20 отсто и „неограничено вбризгување ликвидност за банките“, што, според аналитичарите, имало негативно влијание врз валутата. Силната рубља и штети на Русија.

Најголем пад на еврото во последните 20 години – јакне доларот во однос на еврото

„Од буџетска перспектива, неодамнешната апрецијација (порастот на пазарната вредност) на рубљата ги намалува даноците за нафта и гас кои се врзани за доларот, но претставени во рубљи“, рече Долгин. Руските економисти сега се обидуваат намерно да ја ослабат рубљата. Во јули Банката на Русија ги намали каматните стапки за 150 базични поени на 8 отсто, со што ги стави под нивото од пред војната.

Во меѓувреме, Москва, наводно, го разгледува планот да потроши до 70 милијарди долари за купување кинески јуани и други „пријателски“ валути, со што се надева дека ќе го спречи растот на рубљата.

Русија/Украина: Креирањето лажни вести стана дел од воениот арсенал

„Порастот на рубљата доведе до „разговори за потенцијално враќање на државните купувања на девизи во пријателски валути и потенцијално владино кредитирање на пријателските земји БРИКС“, рече Долгин.

Тоа значи дека брзото поскапување на рубљата всушност може да биде знак дека западните санкции, иако на почетокот не изгледаа така, сепак ја нарушуваат руската економија.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање