Европската Унија сака до 2035 година да престане да продава нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, односно ќе биде дозволено употреба само на електричен автомобил. Некои од произведувачите на автомобили започнаа со планови за целосна електрификација на новите автомобили.
Намерите за својата електрификација „Рено“ ги најави лани на почетокот на годината и иако сé уште не се целосно официјализирани, веќе е извесно дека се поставува 2030-тата како година после која француската марка во Европа ќе продава само електрични возила.
„Рено“ најави можно целосно пренасочување кон продажба на електрични автомобили, во Европа, до 2030 година. Но, има и „план Б“ доколку тоа не успее поради неразвиената инфраструктура за полнење, или скапата струја, според извршниот директор на француската авто-компанија, Лука де Мео. Односно ќе продолжи со производство на возила со мотори со внатрешно согорување.
Со иста претпазливост ќе настапи и „Дачија“ кај која електрификацијата ќе биде оставена за последниот можен период, што веројатно значи после 2030 година бидејќи Европската унија сака да ја запре продажбата на новите автомобили со класични мотори до 2035-тата.
Постепено ќе се електрифицира и марката „Дачија“ – членка на „Рено груп“, но „во последен можен миг“, што веројатно значи – по 2030 година, најавуваат од „Рено“. Од овој бренд наскоро се очекува да ги претстави електричните модели „Меган“ и „Кангу“, а во подготовка е и малиот „Рено 5“ електричен автомобил во ретро стил.