Во зоната на Чернобил, каде што окупира руската армија, забележано е зголемено ниво на радијација, соопштиле украинските власти.
„Поради окупацијата и присуството на непријателот моментално е невозможно да се утврдат причините за промена во радијацијата“ , велат од украинскиот нуклеарен регулатор.
„Податоците од автоматизираниот систем за надзор на зрачењето, кој е достапен на интернет, покажува дека нивоата на гама зрачење (црвени точки) се надминати на значаен број мерни станици“, се вели во соопштението.
Нуклеарната електрана Чернобил ја зазедоа руските сили, рече вчера советникот на украинскиот претседател Михаил Подолак.
Тој додаде дека ова е една од најсериозните закани за Европа на денешницата.