ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.03.2024
Повеќе време поминато во онлајн предавања – помало знаење
Автор: Goce Author

Онлајн предавањата беа нешто задолжително за време на пандемијата низ целиот свет, но не сите ученици и студенти поминаа исто време. Некои држави имаа по рестриктивни мерки и нивните ученици поминаа подолго време пред компјутер, додека други држави ги ослободија мерките порано, па учениците се вратија во училниците или предавалните. Нови истражувања за квалитетот на образованието говорат дека онлјан предавањето ни приближно не ги дава истите резултати како предавањата во живо. Нивото на знаење кај учениците и студентите драстично опаднало.

Истражувањето, кое го објави Њујорк Тајмс вели дека учениците од 3 до 8 одделение кои во 2020 и 2021 поминале од 0 до 10 проценти од своето време во онлајн настава заостануваат во просек 0.35 години од потребното знаење. Учениците кои поминале 90 до 100 проценти од својата настава онлајн заостануваат речиси двојно – 0,57 години.

Од друга страна истражувањето покажува дека ова особено ги погодува оние во посиромашни семејства и држави.

Има солиден консензус дека генерално, како општество, веројатно ги држевме учениците премногу долго надвор од училишните клупи, вели др. Шон Олери, педијатар специјалист за инфективни болести.

Професорка по имунологија одговара дали е возможно да имаме колективен имунитет без вакцинирање на децата?
Како стресот од испитната сесија влијае врз менталното здравје на студентите?