Повеќе од 50% од младите сакаат да ги спакуваат куферите и да се иселат од Македонија, покажало истражувањето изработено од Фондацијата за демократија на Вестиминстер, на кој учествувале околу 1 000 испитаници. Дури 58% изјавиле дека сакаат да заминат, а 64% дека не се задоволни со моменталната состојба во државата.
Од Македонија ги иселило безнадежноста и системските недостатоци – дали може нешто да ги врати?
Петар Барлаковски, претседател на Младински образовен форум на конференција на тема „Да кажеме СТОП на иселувањето на младите“, изјавил дека младите треба да се ориентираат кон политичките процеси на долг рок во државата, за да може да се слушне нивниот глас и проблемите кои тие ги имаат.
Иван Јованов , претставник на мрежата за спречување на „Одлив на мозоци“ изјавил дека младите се фрустрирани од секојдневните политички случувања во државата и дека не веруваат дека нешто може да се смени.
Истражувањата од минатата година не биле со подобри резултати. Според истражувањето спроведено од МОФ на кое учествувале 800 испитаници, процентот на младите кои сметаат дека државата не придонесува ништо за младите кои живеат во руралните средини бил 56,8%, а 61% го имале мислењето дека државата не прави ништо за тоа што младите живеат во сиромаштија.