ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.11.2021
Повик за новинари, студенти по новинарство и медиумски работници

Онлајн медиумот Види Вака објавува отворен повик за новинари, студенти по новинарство/комуникации и медиумски работници за работилници на тема “Откривање и борба против дезинформации на локално ниво“.

По завршувањето на работилниците за избраните учесници следува период на менторство и работа на мултимедијални вести кои ќе бидат објавени на каналите на Види Вака.

Право на пријава имаат соодветните кандидати од сите 8 плански региони во Македонија со исклучок на градот Скопје.

Пријавувањето ќе трае до 30.11.2021 година.

Активностите ќе бидат поделени во 2 фази.

Фаза 1

Во првата фаза 16 учесници ќе имаат можност да бидат дел од обуки за откривање и борба со дезинформации на локално ниво преку работилници на следните теми:

  • Обука за дезинформации и дигитална средина (2 дена)
  • Обука за како да известувате за дезинформации (2 дена)
  • Алатки за  откривање и известување за дезинформации (2 дена)
  • Обука за мобилно новинарство (2 дена)
  • Обука за раскажување на приказни (2 дена)

Фаза 2

Во менторската фаза одат 8 учесници од вкупниот број (16) каде заедно со новинарскиот тим на Види Вака ќе работат на 8 мултимедијални приказни.

Ангажманот на овие приказни ќе биде платен, а Види Вака остава простор дел од учесниците да му се придружат на тимот на дописничката мрежа на медиумот.

Сите мултимедијални приказни ќе бидат објавени на каналите на Види Вака како и на локалните медиуми.

Повеќе информации и пријавување на следниот линк: https://vidivaka.mk/povik-za-proshiruvanje-na-novinarskata-mrezha-na-vidi-vaka/

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?