ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.05.2025
Повик за пријавување: Меѓународна летна школа за европски студенти и истражувачи во Гориција, Италија

Студенти и млади истражувачи од Европа имаат можност да се пријават на Меѓународнота летна школа за историја, јазици и гранични култури, кое ќе се одржи од 28 август до 6 септември 2025 година во градот Гориција, Италија.

Цел на летната школа

Оваа школа има за цел да ја истражи мултилингвалната историја на регионот Гориција преку работилници, семинари со универзитетски професори, организирани посети и средби со италијански и словенечки студенти. Програмата е дел од проектот „Илјада години историја во центарот на Европа: Борго Кастело како крстопат на народи и култури“, финансиран од Европската Унија преку програмата Next Generation EU.

Зошто токму Гориција?

Двојниот град Нова Горица/Гориција годинава е првата „град без граници“ Европска престолнина на културата во историјата на ЕУ. Летната школа, во организација на здружението Kulturhaus Görz, нуди можност за длабоко запознавање со културната разноликост и моделите на соживот преку средби со историчари, антрополози, социолози, уметници, туристички водичи и експерти за управување со конфликти.

Кој може да аплицира?

  • Млади лица под 30 години

  • Студенти на додипломски и последипломски студии

  • Докторанди и истражувачи од областа на општествени и хуманистички науки (историја, антропологија, лингвистика, преведување, социологија, политички науки и др.)

Финален продукт

На крајот од програмата, учесниците ќе подготват видео-интервјуа во кои ќе ги претстават своите ставови и предлози за интеркултурна соработка и мирно управување со територии со мешани национални и јазични идентитети. Овие интервјуа ќе станат дел од видео-инсталација поставена на via Rastello 38 во Гориција.

Пријавување

За да се пријавите, потребно е да испратите:

  • кратка биографија (CV)

  • мотивациско писмо со објаснување на темите што сакате да ги истражувате

Апликациите се испраќаат на:
kulturhausgo.summerschool@gmail.com 

Краен рок за пријавување: 15 јули 2025 година

Повеќе информации на: https://www.juris.u-szeged.hu/english/2025/international-summer?objectParentFolderId=27194

Повик за апликации: Бесплатна обука и меѓународна сертификација во сајбер-безбедност за жени
Платена пракса за студенти во седиштето на НАТО во Брисел