
Шест студенти ќе имаат можжност да бидат дел од Правната клиника на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Студентите ќе бидат поделени во тимови и ќе работат на доделување бесплатна правна помош на сите заинтересирани.
Photo by Tingey Injury Law Firm on Unsplash
Целта на проектот е да овозможи ефективна заштита на човековите права и зголемен пристап до правда на поединци и семејства со ниски приходи, приматели на социјална помош и маргинализирани групи.
Студентите кои ќе учествуваат во проектот ќе нудат бесплатна правна помош на споменатите категории на граѓани, преку организирани теренски посети во руралните средини во општините Штип, Карбинци и Чешиново Облешево. При тоа, граѓаните ќе можат да поставуваат прашања или да ги посочат нивните проблеми од областа на правото.
Студентите ангажирани во Мобилната Правна Клиника треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
– Да имаат запишано најмалку 4-ти семестар на правни студии
– Просек од претходната учебна година најмалку 8 (осум)
– Интерес за вклучување во активноста за обезбедување бесплатна правна помош
Активностите ќе бидат спроведени во период од 1 септември 2022 година до 31 декември 2022 година. Конкретните датуми за спроведување на теренските посети дополнително ќе бидат договорени со раководителот и членовите на мобилната правна клиника.
Избраниот кандидат ќе има вкупен ангажман од 3 (три) дена.
Надоместокот за еден ден не може да биде поголем од 1.300,00 денари.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите потребно е да поднесат:
– Кратка биографија (ЦВ) и
– Мотивационо писмо
Потребните документи треба да се достават во електронска верзија на е-пошта ana.zdraveva@ugd.edu.mk, со назнака – Апликација за Мобилна Правна Клиника.
Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката за пријавување. За дополнителни прашања во врска со повикот можете да се обратете на ana.zdraveva@ugd.edu.mk и natasha.doneva@ugd.edu.mk.