ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.09.2022
Повик за студенти на Правен факултет да бидат дел од Правна клиника за давање правна помош
Автор: Goce Author

Шест студенти ќе имаат можжност да бидат дел од Правната клиника на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Студентите ќе бидат поделени во тимови и ќе работат на доделување бесплатна правна помош на сите заинтересирани.

Целта на проектот е да овозможи ефективна заштита на човековите права и зголемен пристап до правда на поединци и семејства со ниски приходи, приматели на социјална помош и маргинализирани групи.

Студентите кои ќе учествуваат во проектот ќе нудат бесплатна правна помош на споменатите категории на граѓани, преку организирани теренски посети во руралните средини во општините Штип, Карбинци и Чешиново Облешево. При тоа, граѓаните ќе можат да поставуваат прашања или да ги посочат нивните проблеми од областа на правото.

Потребни квалификации:

Студентите ангажирани во Мобилната Правна Клиника треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

– Да имаат запишано најмалку 4-ти семестар на правни студии

– Просек од претходната учебна година најмалку 8 (осум)

– Интерес за вклучување во активноста за обезбедување бесплатна правна помош

Временска рамка и надомест:

Активностите ќе бидат спроведени во период од 1 септември 2022 година до 31 декември 2022 година. Конкретните датуми за спроведување на теренските посети дополнително ќе бидат договорени со раководителот и членовите на мобилната правна клиника.

Избраниот кандидат ќе има вкупен ангажман од 3 (три) дена.

Надоместокот за еден ден не може да биде поголем од 1.300,00 денари.

Постапка и правила за избор на кандидати, рок и избор:

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите потребно е да поднесат:

– Кратка биографија (ЦВ) и

– Мотивационо писмо

Потребните документи треба да се достават во електронска верзија на е-пошта ana.zdraveva@ugd.edu.mk, со назнака – Апликација за Мобилна Правна Клиника.

Рокот за аплицирање е најдоцна до 22.09.2022 година.

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката за пријавување. За дополнителни прашања во врска со повикот можете да се обратете на ana.zdraveva@ugd.edu.mk и natasha.doneva@ugd.edu.mk.

Професорка по имунологија одговара дали е возможно да имаме колективен имунитет без вакцинирање на децата?
Како стресот од испитната сесија влијае врз менталното здравје на студентите?