ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.11.2024
Повторен конкурс за сместување во студентски домови
Автор: Goce Author

Министерството за образование и наука известува дека од денеска е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови каде што се останати слободни места по завршувањето на првиот конкурс.

Како што наведува МОН, слободни места за сместување има во студентските домови: „Кочо Рацин“ во  Битола, „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Никола Карев“ во Охрид, „Oрде Чопела“ во Прилеп и во „Хилјадников“ во Штип.

-Сите заинтересирани студенти може да аплицираат најдоцна до крајот на тековниот месец. Критериумите и условите за аплицирање се идентични како и при првото пријавување, посочува МОН во објавата во која се наведени условите и начинот на пријавување.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?