ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.12.2021
Познати добитниците на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“
Автор: Goce Author

По конкурсот распишан на 1 до 31 октомври, одборот за доделување на наградата на седницата одржана на 29 ноември 2021г. ја донесе одлуката за доделување на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“. Оваа година наградата во областа на новинарството ја добија новинарите Аделина Марку и Марјанчо Николовски, а во областа на публицистиката ја добија публицистите Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски.

Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник“.Свечено доделување на наградите ќе се одржи на 21 декември во 12 часот во Собранието по повод раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.

Мито Хаџи Василев – Јасмин е македонски комунист и политичар и новинар, наречен „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика. Бил главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“. Неговата богата публицистичка и теоретска дејност е собрана и објавена во неколку томови. Автор е на повеќе книги и брошури, а меѓу нив од областа на македонската национална историја се „ВМРО-Обединета“, „Јане Сандански“ и „За великобугарскиот шовинизам“, од областа на општествените науки „Свртени кон човекот“, „СКЈ и непосредната демократија“, „Социјалистичката распределба според трудот“, „Одраз-Израз“, „За противречностите на социјализмот“. Поради неговата богата дејсност, во негова чест се доделува и оваа награда уште од 1969 година, а целтта е да се оддаде признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?