ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.02.2026
Правниот факултет од Штип организира бесплатни обуки за јавно говорење

Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип започнува нов циклус бесплатни обуки за јавно говорење, беседништво и дебата, наменети за сите заинтересирани студенти и средношколци. Овие обуки се дел од подготовките за годишната Ораторска вечер што традиционално се организира во рамки на факултетот, со цел поттикнување на критичкото размислување и јавното изразување.

Факултетот преку Клубот на оратори „Rostra Vetera“ ги повикува сите млади кои сакаат да ги унапредат своите комуникациски вештини да се приклучат на обуките. Настанот е отворен за студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“, како и за средношколци од различни училишта кои имаат интерес за говорништво и дебатни вештини.

– „Целта на обуките е да им се овозможи на младите да развијат самодоверба и способност за аргументирано изразување, што ќе им биде значајна предност во академскиот и професионалниот развој,“ велат од Правниот факултет.

Обуките ќе завршат со учество на Ораторската вечер, каде учесниците ќе имаат можност да ги применат стекнатите знаења пред публика. На претходните изданија на овој настан, најдобрите оратори добија признанија за нивните говори, а за првпат во натпреварувачката програма беа вклучени и средношколци со успешна обука.

Сите заинтересирани можат да најдат детали на следниот линк .

Крводарителска акција во Штип по повод денот на Извидниците
Одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев