ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.06.2023
Преку 260 апликации за престижната награда на ЕУ за истражувачко новинарство

Вкупно 267 апликации од 7 земји, кои претставуваат 126 медиуми од разновидна група автори ( поединци и групи), се поднесени за многу очекуваното издание на престижната награда на ЕУ за истражувачко новинарство за 2023 година.

Повикот, кој беше отворен од 8-ми мај до 20-ти јуни 2023 година, собра импресивна разновидност на теми, разновидност на талентирани автори и исклучителен квалитет на прилози, што гарантира високо ниво на конкуренција за најдобри приказни и награди во наредниот период.

Покрај наградите на национално ниво, за прв пат на натпреварот е воведена и регионалната награда. Целта е да ги препознае извонредните истражувачки стории, да ја поттикне соработката и да го подигне севкупниот стандард на истражувачко новинарство во Западен Балкан и Турција. Од 267 пристигнати апликации, 159 се пријавени за национално, 9 за регионално и 99 за национално и регионално ниво.

Сега, кога процесот на аплицирање заврши, жирито за евалуација, составено од истакнати експерти по новинарство и истражувачко известување, ќе ја започне ригорозната задача за разгледување и оценување на поднесоците. Судиите внимателно ќе ги оценуваат апликациите според прецизни стандарди, земајќи ја предвид релевантноста, квалитетот на истражувањето и презентацијата, објективноста и етиката, оригиналноста и иновативноста и влијанието и ефектот. Наскоро ќе биде објавено жирито за евалуација во секоја од земјите, како и за регионалната награда.

Добитниците на националната награда за истражувачко новинарство на ЕУ 2023 ќе бидат објавени на национални церемонии во последниот квартал од 2023 година. Во секоја земја, најдобрите три стории ќе бидат наградени со 5.000 евра (прва награда), 3.000 евра (втора) и 2.000 евра (трето). Истиот принцип важи и за регионалната награда.

Овогодинешното издание на Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство е дел од поширокиот проект „Зајакнување на квалитетното новинарство во Западен Балкан и Турција II“. Комплетните активности во рамките на проектот се дизајнирани да ги препознаат и промовираат исклучителните достигнувања во истражувачкото новинарство додека истовремено ја подигаат свеста и капацитетите за важноста на квалитетното новинарство во регионот.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а го спроведува конзорциум составен од Балканска мрежа за истражувачко новинарство – BIRN Hub, Central European University (CEU) – Унгарија, Association of Journalists (AJ) – Türkiye, Thomson Media (TM) – Германија, Универзитет Гоце Делчев Штип (УГД) – Северна Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) – Северна Македонија, Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа (MASE) – Црна Гора и Балканската мрежа за истражувачко новинарство Косово (БИРН Косово) .

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието