ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.02.2022
Преку имплант во мозокот ќе се решава слепило кај луѓето
Автор: Goce Author

Моментално не постои лек за слепило, но првиот  ваков вештачки систем за вид ја има својата успешна имплантација, носејќи со себе потенцијал за делумно враќање на видот кај луѓето кои го изгубиле.

Интракортикалната визуелна протеза (ICVP), имплант кој ги заобиколува мрежницата и оптичките нерви на окото се поврзува директно со визуелниот кортекс на мозокот. Успешно е вграден кај првиот учесник во студијата во Медицинскиот центар на Универзитетот Раш, во Чикаго. Оваа операција е дел од Фаза 1 на физибилити студија на интракортикална визуелна протеза за луѓе со слепило.



Системот ICVP е развиен од тим од повеќе институции предводен од Филип Р. Тројк – извршен директор на Институтот за биомедицински науки и инженерство на Технолошкиот институт Илиноис.

Системот за интракортикална визуелна протеза е првиот интракортикален визуелен имплант кој користи група целосно вградени минијатурни безжични стимулатори за да истражат дали лицата со слепило можат да го користат вештачкиот вид обезбеден со овој пристап.

За време на претклиничката фаза, тимот работеше со неврохирурзите од Медицинскиот центар на Универзитетот Раш, за да развијат и да ги усовршат хируршките процедури, што резултираше со успешното вградување на 25 стимулатори со вкупно 400 електроди кај поединец со слепило. Клиничката фаза е насочена кон тестирање дали оваа протеза, која ќе им обезбеди на учесниците во студијата подобрена способност за навигација и извршување на основни визуелно водени задачи. Тестирањето ќе започне во Светилникот на Чикаго по 4-6-неделен период на оправување на учесникот во кој е вграден имплантот.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање