Еден инвеститор вложил 8.000 долари во криптовалути веднаш по појавата на валутата Шиба Ину. За една година оваа инвестиција имала вредност од 5,7 милијарди долари.
Серијата тргување започнала во август 2020 година, кога инвеститорот купил околу 70 трилиони монети, пренесува Б92.
Во времето кога инвеститорот ги купил монетите од 8.000 долари, една монета вредела 0,000000000189 долари. Во овој момент Шиба Ину вреди околу 0,00007941 долари, што претставува зголемување од над седум милиони проценти за само 14 месеци.
Прочитајте и: Крипто – манијата ги обзема и младите во Македонија – што треба да знаете за „копањето“ и тргувањето?
Неочекуваниот пораст на вредноста на оваа криптовалута ја катапултира нејзината пазарна вредност на речиси 45 милијарди долари, што го засени DogeCoin и го направи Shiba Inu деветта највредна криптовалута во четвртокот (28/10/2021) наутро.
Овој потег сега се нарекува „можеби најголемата индивидуална размена на сите времиња“.
Поради овој настан многу инвеститори се „гребат“, а останува да се види што ќе направи сопственикот на 70 милијарди шиба монети.