Видео камерите на Јавното претпријатие за државни патишта 24 часа во текот на денот ги прикажуваат во живо клучните позиции на патните правци низ Македонија. Камерите даваат можност на возачите и преку своите мобилни во текот на патувањето да ја видат состојбата со возила на патиштата или граничните премини.
Со безбедносни камери е покриен целиот автопат од Скопје до Гевгелија. Камерите се поставени на наплатните рампи и преку нив може да се процени гужвата на патот. Трите наплатни рампи на патот Миладиновци – Штип, како и кон Куманово. Видливи ви се наплатните рампи и Скопје – Тетово и Тетово – Гостивар.
Доколку излегувате од државата камерите моментално не се активни само на граничните премини Делчево и Ново Село, Струмичко. Сите останати се во функција.
Видео камерите можат да се најдат на следниот ЛИНК