ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.03.2022
Прекуграничен проект „Воспоставување на дијалог: нашата споделена одговорност кон иднината“

Превенција и совладување на последиците од природните непогоди и непогодите предизвикани од човечка негрижа е главниот акцент на проектот кој Општина Карбинци го реализира преку Интерег ИПА програмата за прекугранична соработка.

Проектот „Воспоставување на дијалог: нашата споделена одговорност кон иднината“, е ко-финансиран од страна на Европската Унија преку Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. Општина Карбинци овој проект го спроведува во партнерство со Фондацијата „12-ти Стол“ од Благоевград.

Една од приоритетните целни групи на активностите на проектот се младите, но и воопшто населението во општините Карбинци и Дупница, со цел да се третираат предизвиците со кои се соочува ова население од аспект на подготвеноста за справување со непогоди. Во суштина, проектните активности се поврзани со областа на заштита на животната средина, па затоа една од целите е и да се совладаат, но и превенираат последиците од природните непогоди, но не само од нив, туку и оние кои се предизвика ни од човечката негрижа во овој прекуграничен регион.

Тимовите во двете општини паралелно реализираат исти проектни активности, кои опфаќаат мапирање на ризичните зони со предиспозиција за пожари, истражување за подготвеноста на граѓаните за евентуални непогоди (независно дали се природни или предизвикани од човечки фактор). Врз основа на резултатите од тоа истражување  се изготви програма за основни обуки со кои повеќе целни групи од населението ќе добијат повеќе сознанија и вештини за квалитетен одговор и реакција во случај на природни катастрофи.

Во Карбинци , со 2 три-дневни обуки беа опфатени 30 деца и 30 граѓани од ранливи групи, а дополнително, преку работилница за пренесување на знаењето од страна на една од учесничките на обуката, десетина членови на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Штип, исто така имаа можност да добијат применливи знаења и информации. Покрај обуките, беше распишан и Конкурс за есеј на тема „Бледа сина точка“. На конкурсот учествуваа деца и млади, кои во фокусот на своите есеи го ставија поединецот со акцент на индивидуалната одговорност во зачувувањето на животната средина.

Во следната фаза од проектот, во општина Карбинци ќе се реализира и Кампања на тема „Секогаш подготвени, секогаш безбедни“, која има за цел да се подигне свеста кај младите за потребата од грижа за животната средина, но и за добивање повеќе сознанија за начинот на кој треба да реагираат  во случај на пожари, временски непогоди и други несакани ситуации. Планирано е во обуките да учествуваат претставници од Противпожарната бригада од Штип, како и од Општинската организација на Црвен крст. Кампањата е замислена како инфо денови кои ќе се реализираат во три дена, а ќе опфаќаат и обуки и едукативни работилници со децата и младите.

Во рамките на инфо деновите ќе бидат доделени и признанијата на учесниците на Конкурсот за есеј, а сите учесници на одржаните обуки ќе добијат и сертификати.

Проектните тимови од двете општини ќе имаат и заеднички семинар во Дупница, каде ќе бидат сумирани сите досегашни активности. Планирано е и креирање на веб платформа со едукативен и информативен карактер, преку која ќе мотивираат младите од прекуграничниот регион да е вклучат во иницијативи за заштита на животната средина. Веб платформата ќе биде од отворен карактер, и сите заинтересирани ќе можат преку неа да актуелизираат одредени прашања, да споделуваат искуства.

 

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?