За убаво поминато попладне, ви препорачуваме неколку одлични книги кои со сигурност ќе го задржат вашето внимание!
„Ова завршува со нас“, незаборавна љубовна приказна што доаѓа со своја цена. Книга која ќе ве научи дека оние што најмногу ги сакате се оние кои понекогаш најмногу ве повредуваат. И покрај тешкото детство на Лили Блум, таа не се откажала од идејата да го живее животот од нејзините соништа. Запознавањето со Рајл Кинкејд, млад неврохирург, предизвикува се’ во животот на Лили да изгледа премногу добро. Но, неговата аверзија кон врските е вознемирувачка. Лили станува исклучок од ова негово правило, но не може да биде смирена додека не дознае што го направило таков. Во најголемите заблуди, како кулминација, се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов. Врската со минатото ќе биде закана за врската во сегашноста и идинината.
„Сите твои совршености“, совршена љубов помеѓу двајца несовршени луѓе. Моќна приказна на Квин и Грахам, совршена љубов и нивниот несовршен брак. Грешките и тајните од минатото поставуваат бариери, ги влечат на различни страни. Единствената работа која може да ги повлече еден кон друг е онаа работа шти ги довела до тој степен. „Ако ги ставаш под рефлектор само своите недостатоци, сите твои совршенства ќе останат во сенка!“, моќна порака која ја испраќа оваа книга.
„Годините кога се научив да летам“, ќе ве втурне во номадскиот свет на талкачите и трагачите, книга која ќе ве потсети колку е важно да се следи внатрешниот глас. Михаил, младич со немирен дух, преиспитувајќи се себеси и своите корени се одлучува на чекор да си го бара домот под отворено небо. Напушта се’ и тргнува на автостоперска авантура, која му го менува животот. Во eден притаен натуралистички камп ја запознава глувонемата Алма Свенсон. На последниот ден што го поминуваат заедно девојката исчезнува како никогаш да не постоела фрлајќи го Михаил во очај. Нејзината единствена трага и нему единствената надеж да ја најде е едно книжуле со неколку скинати страници со размисли за некаков утопистички остров. Талкајќи по недобројните патишта на Европа Михаил го следи внатрешниот патоказ до непознатиот остров и душевниот мир што му го ветува иако не знае дали воопшто постои.
„Збогум најмила“, книга која ќе ве поттикне на многу размислувања. Љубов или пријателство? Првда или мајчинство? Детството на Лекси е далеку од совршено, таа е сираче и поминала многу додека да се пресели кај својата баба во нов град. Успева за брзо да се прилагоди, со Миа се неразделни, таа е нејзината најдобра дургарка, близнакот на Миа, Зак, ќе се вљуби во Лекси. Џуд, мајката на близнаците, дава се’ од себе да им обезбеди совршен живот, но една одлука го менува текот на нивните животи.
„Тајната колиба на плажата“, лето, 1942 година. Историска драма за Втора светска војна, приказна за недозволена љубов, убиство и една загубена слика. Ен Келовеј, по својата свршувачка, одлучува да ја напушти својата земја за да служи во Армијата на медицинските сестри на Пацифичкиот остров Бора-Бора. Вниманието и’ го привлекува мистериозниот војник по име Вестри. Тие се состануваат под малиот речиси распаднат кров на една колиба каде делат еден свој приватен свет. Светот во колибата им се распаѓа кога стануваат сведоци на грозоморно убиство во близина на колибата. Брзо по убиството, Вестри одеднаш го преместуваат на друга воена локација. Ен Келовеј, веќе старица, ја раскажува оваа приказна обидувајќи се да открие нешто повеќе во врска со љубовта која трае повеќе од седумдесет години.
„Зима со мирис на капини“, животите на две жени кои ги делат осумдесет години, а се поврзуваат на необичен начин. Книгата е посветена на секоја мајка што има загубено дете. Сиетл, 1933 година, Вера Реј, самохрана мајка, го остава своето дете само дома, зашто нема друг избор. Кога завршува со работа, сведок е на белата покривка надвор иако е месец мај. Дома открива дека нејзиниот син е исчезнал, надвор го пронаоѓа само неговото мече, снегот веќе ги сокрил стапките. Сиетл, 2010 година, новинарката Клер Олдриџ, добива задача да пишува за снежната бура пред неколку години. Така, дознава за киднапирањето на некое детеце, па се заколнува дека ќе ја открие вистина по толку години. Во целиот процес, се дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин. На каков начин се поврзани тие, ќе дознаете во продолжение на дејството.
„Исчезната без трага“, книга преведена на 25 јазици. Една година помината во напуштена планинска колиба, киднапирана, малтретирана и брутализирана. По нејзиното ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Книга која ќе ве научи дека некои прашања подобро е да останат неодговорени. Приказната за Ени, ја дознаваме преку сесиите со нејзиниот психијатар.
„Славејот“, безвременска новела, приказна за храброста на жената и љубов за време на војна. Франција, 1939 година. Вијан Моријак, плашливо, се збогува со својот сопруг, кој оди во војна. Принудена е да прими непријател во својот дом, но и да научи како да биде похрабра. Нејзината сестра, Изабел, мора да научи да биде кротка и да се плаши. Љубовта кон Гејтон ќе и’ биде целосна, но не можејќи да ја гледа заробена татковината, таа непромислено се приклучува кон тајните групи за ослободување на Франција.
Доколку имате идеја за некоја одлична книга, пишете ни! Заеднички да ја продолжиме листава!