ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.05.2023
Препораки на Владата за безбедност во училиштата
Автор: Goce Author

Препораки и мерки за зголемување на безбедноста на учениците во училиштата донесе Владата , по информација од Министерството за образование и наука.

Фото: МОН

Основните и средните училишта треба да формираат стручни тимови, во соработка со стручните служби на Меѓуопштинските центри за социјална работа. Овие тимови ќе треба да разговараат поединечно со секое дете во училиштата.

Училиштата ќе треба да одржат состаноци со сите родители на тема подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во основните и средните училишта.

Препораки на Владата се однесуваат посебно на задолжување на директорите на основните и на средните училишта, да организираат состаноци на училишните одбори и на советите на родители, како и родителски средби.

На овие состаноци е предвидено да се разговара за взаемните одговорности околу превентивните мерки за заштита на учениците во училиштата, со посочувања на одредбите од Законот за семејство и од Кривичниот закон, во функција на безбедноста на учениците.

УНИЦЕФ: Училиштата треба да се безбедни места за децата

Препораки за користење на мобилните – ограничување за да се поттикне дискусија, размена на идеи….

Владата им укажува и препорачува на општините да ги задолжат директорите на основните и средни училишта, да направат организација и протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците, за време на часовите и во просториите на училиштата. Се посочува дека користењето мобилни телефони во училниците е потребно да се ограничи, со цел да се поттикне дискусија, размена на идеи, отворени разговори, фокусирање на содржината на учење.

Владата  им укажува и препорачува на општините во координација со училиштата да ги следат следните препораки:

  • во кризни ситуации коишто влијаат врз добросостојбата и менталното здравје на учениците, од исклучителна важност е училиштето да остане безбедно место во кое што тие ќе најдат разбирање, одговори и поддршка за да ги надминат предизвиците, да ги унапредат своите социо-емоционални компетенции и да ја зајакнат психолошката отпорност;
  • стручните соработници и целиот наставен кадар, се исто така засегнати од ваквите ситуации, поради што е потребна подготовка на оваа тема на сите нивоа во училиштето, за да може да се обезбеди адекватна поддршка на учениците и нивните родители;
  • приоритетна цел на разговорите во училиште треба да биде смирување на несигурноста и чувството на безбедност во училиштето и нивно адресирање на афирмативен начин.

Image by Freepik

Стручни соработници во училиштата да се фокусираат на грижата за менталното здравје на учениците

Владата им укажува и препорачува на општините да ги задолжи директорите на училиштата да обезбедат континуирано непречени услови, стручните соработници да се фокусираат на училишната клима, грижата за менталното здравје и добросостојбата на учениците, како и општините да ги задолжат директорите на училиштата да обезбедат просторни услови за стручните соработници.

Целта е целосна отвореност кон учениците и доколку имаат потреба, закажување тет – а – тет средба, со својот училиштен психолог.

МОН во соработка со Бирото за развој на  Образованието треба да изготват листа на ресурси за коишто ќе се дискутира на одделенски/класен час, меѓу класните раководители и децата, за унапредување на добросостојбата на учениците.

Кампања на МОН за ненасилно однесување во училиштата

Ова се однесува на прирачници за животни вештини, околу Програмата за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите во образовните, здравствените и загрижувачките институции и средини и слично.

Со овие препораки, општините во годишните програми за работа на училиштата треба дасе развијат и зајакнат превентивни програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација, соработка со родителите односно старателите и други активности, согласно приоритетите на училиштето за негување безбедна клима за учење и развивање.

„Штип УГД“ во одбрана на Куп титулата
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта