ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.03.2022
Преседани како Косово и Украина го загрозуваат меѓународното право

Косово беше преседан, сега и Украина, а преседаните создаваат правило, кое во случај на лошо функционирање на ООН и Советот за безбедност остава простор за анархија. Ова го изјави проф. д-р Дејан Маролов на промоцијата на две негови книги.

Проф. Д-р Дејан Маролов

На Правниот факултет при УГД-Штип пред студентите и универзитетските професори беа промовирани книгите „Меѓународно јавно право“ и „Борба за опстанок и Експанзија – Студија на случај на конфликт помеѓу голема сила и мала држава“, а автор е универзитетскиот професор Дејан Маролов, промотори на делата беа универзитетските професори Ана Никодиновска-Крстевска и Јорданка Гелева.

Промоцијата на овие книги се совпадна со актуелните настани , војната во Украина, која на некој начин може да се поистовети со случаите кои во книгата ги обработува Проф. Д-р Дејан Маролов. Всушност, во иднина и овие збиднувања може да бидат и предмет на анализа во следни стручни трудови посветени на меѓународното право и конфликтите во светот.

Делата на Франц Кафка стануваат достапни на македонски јазик

Книгата „ Меѓународно јавно право“ е всушност класичен учебник за оваа област за високо образование. Интересно е дека станува збор за прв учебник за меѓународно јавно право што е објавен надвор од Скопје, не од независноста од 1991, туку од 1945 па наваму. Во втората книга станува збор за студија на случај на судири на мали држави со големи сили – случаите на судир на Србија со Австроунгарија, како и причините за Првата светска војна, а вториот случај Чехословачка и нацистичка Германија и воведот во Втората светска војна.

Преседани создаваат правило кое може да предизвика непочитување на Меѓународното право

Маролов одговараша и на новинарски прашања поврзани со актуелнте случувања во Украина, паралелата со бомардирањето на Србија од страна на НАТО….

„Преседан беше Косово, а сега имаме и втор преседан со Украина, а неколку преседани создаваат правило, па може утре и трета држава да ја искористи терминологијата дека има специјална операција во друга држава. Со ова меѓународното право е загрозено, а ООН не фунционира, што е навистина лошо. Според меѓународното право гарант на мирот во светот се ООН и Советот за безбедност, ако тие не функционираат веќе се отвара патот за анархија во меѓународните односи, што на секој му е јасно дека е лоша ситуација“ рече Маролов.

Прашан дали војната во Украина може да се прошири и на други држави, Маролов со одговор дека не верува да ексалира или да почне Трета светска војна.

„Преговорите за започнати и мислам дека целата инвазија на Украина беше со некаква цел од руска страна, а таа цел е да има подобра преговарачка позиција на крајот од денот. Идејата на Русија за Украина е како некаков вид на тампон зона меѓу Истокот и Западот или можеби за нов Берлин, или нов Киевски ѕид и мислам дека онаа граница што ја имавме за време на Студената војна во Германија, источна и западна ќе можеме да го видиме и тоа сценаријо и во Украина. Но се надевам дека нема да дојде до тоа“, рече Маролов.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите