За прв пат во Скопје, од 29 до 30 септември 2023 година во салата на Националната опера и балет, ќе се одржи водечки меѓународен високо-технолошки самит. Темата на самитот е истражувањето на моќта на вештачката интелигенција и новите технологии.
Светски реномирани експерти за вештачка интелигенција од водечките светски комании како Microsoft, Google, Spotify, BBC, Boston Consulting Group, Wipro, Universal Robots и други, ќе бидат дел од говорниците и панелисти на првото издание на „AI Tech Summit“ во Скопје.
Главни теми кои ќе ги опфати самитот се: иднината на работата во ера на вештачка интелигенција, етичките и правните норми и нивна примена, користењето на вештачката интелигенција во индустриите, како и соработката и ко-еволуција на вештачката интелигенција со луѓето за унапредување на човештвото.
„AI Tech Summit“ e во организација на TBM Group, водечка европска компанија за организација на светски реномирани конференции.
Повеќе информации за настанот може да се најдат на овој линк.
Извор: Мета.мк