ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.07.2023
Преземањето фотографии е кривично дело
Автор: Goce Author

Преземањето фотографии е кривично дело, а „Гугл“ не треба да биде основен извор и архива. Ако за некоја фотографија на интернет нема наведено дека е дозволено споделувањети и под кои услови, тогаш се подразбира дека сите права се задржани и тогаш нејзино користење е можно само во договор со авторот.

Ова беше порачано на денешната работилница во организација на Здружението на новинари на Македонија на тема „заштитата на авторското право и другите сродни права во македонските медиуми – специфики и предизвици“.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски нагласи дека авторското право е законско право што ги штити зборовите на новинарите, фотографиите на фоторепортерите и креациите на уметниците да не се користат без нивна дозвола, нешто, што за жал гледаме дека се случува, особено во дигиталната ера, каде сите содржини често се дистрибуираат без нивните креатори да знаат или бидат платени.

-Како претседател на ЗНМ, навистина сум загрижен за овој тренд и сметам дека ова треба да биде еден од приоритетите во функционирањето на здружението, во насока на заштита на нашите права, истакна Чадиковски.

Само годинава 15 пријави од фоторепортери

Драган Секуловски од ЗНМ, посочи дека само годинава има околу 15 случаи на пријави од фоторепортери на прекршување на авторско право, најчесто за преземање на фотографии и друг видео материјал за кои не се обезбедени права.

-Досега, дел од тие случаи беа решени со спогодба, меѓутоа сметам дека ова креира амбиент каде луѓето размислуваат два пати дали да преземат фотографија неовластени ли не. Затоа, целта на нашите активности не е да се направи само судска заштита, туку и да влијае на свеста на медиумските работници, уредниците и менаџерите на медиумите, изјави Секуловски.

ЗНМ со остра осуда за упатените јавни закани за насилство кон новинарите и медиумските работници

Фоторепортерот Петар Стојановски, од секцијата на фоторепортери на ЗНМ, нагласи дека од педесетина останати се 12-13 активни професионални фотографи.

-Тоа се должи од не ангажирањето на медиумите, кои сметаат дека фотограф воопшто не треба да има. Со овие активности сакаме да се покаже дека, ова што се прави, преземањето фотографии е кривично дело, дека „Гугл“ не треба да биде основен извор и архива, нагласи Стојановски.

Според Дејан Георгиевски, од Центарот за развој на медиуми, во крајна линија ова е многу сериозно прашање бидејќи се работи за пари и многу пари.Тоа не е уникатен проблем само за нас, посочувајќи дека и во Хрватска до 2005-6 година ги имале истите проблеми со слободно преземање и многу либерален третман на авторските права.

-Затоа го поздравувам обидот на фоторепортерите да се организираат, затоа што решавањето на овие прашања во Хрватска почна со тоа што фоторепортерите се здружија во две задруги, а вистински пресврт настана со влегувањето на Хрватска во ЕУ, посочи Георгиевски.

Креаторите на авторските фотографии и текстови треба да бидат заштитени

 

Директорот на МИА, Драган Антоновски ја истакна потребата од поголема свесност во новинарската фела во однос на почитување на општо познатите правила.

-Мислам дека насоката во која треба да се работи е да се објаснат правилата. Има тука различни толкувања, различни комбинации и во Европа ,не е се на ист начин. Меѓутоа има правила и треба да се плаќа авторското дело, истакна Антоновски.

Малите медиуми надвор од Скопје се на работ да престанат да функционираат

Оцени дека нема пракса на почитување на туѓото дело.

-И не се само авторските дела кај фотографиите, истото важи и за текстовите на новинарите. Ние имаме истражувачки приказни на кои новинарите на МИА кои ги работат и сега имаш во нив десетина изјави од различни лица ќе ја извадат само изјавата и тоа зборувам за телевизии, сериозни уредници кои да речеме функционираат и знаат што се авторски права и не наведува дека тоа е за МИА, појасни Антоновски.

Додаде дека треба да се направи кампања со медиумите и да им се посочи што е казниво и кои се правилните насоки.

-Има излезни решенија, меѓутоа е процес. Тоа не може со закон од утре е забрането и јас ќе те казнам. МИА ги ловеше тие што не ги плаќаат вестите и им праќавме пријави, опомени дека немаат право да ги користат. На крај луѓето се претплатија затоа што се поттикна нивната свесност. Така што, мислам дека оваа пракса може да се искористи, порача тој.

Извор: МИА

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?