ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.02.2024
Презентација на водич за сајбер безбедност за младите
Автор: Goce Author

Сајбер безбедноста на младите буила проблем за речиси половина од испитаниците во Истражување на Аналитика Тинк-тенк.

Photo by FlyD on Unsplash

Дури 46,5 проценти од учениците или биле жртви на сајбер булинг, или биле сведоци на истото.  70,7 отсто сметаат дека свеста во општеството и нивната средина во врска со сајбер насилството е ниска и просечна. Ова се дел од податоците од документот за политики – Водич кој ќе биде презентиран на денешниот настан „Сајбер безбедност за младите: Унапредување на свеста и знаењата на младите и наставниците против сајбер насилството“ во организација на Аналитика тинк-тенк.

На настанот, ќе се обратат министерот за образование и наука Јетон Шаќири и заменикот на Мисијата на Канада, Дејвид Морган.

Ќе се одржи и мултимедијална театарска претстава за сајбер насилство подготвена од учениците и наставниците кои учествуваат во проектот, којшто е поддржан од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

Безбедноста на децата загрозена од вештачката интелигенција

Документот е базиран на истражување врз примерок од 500 ученици, со цел да се идентификуваат знаењата за сајбер нападите и кибер криминалот, како и тоа колку младите знаат и ги применуваат методите за заштита во интернет просторот што го користат.

Анализата покажува дека само 14 проценти од испитаниците присуствувале на работилници наменети за безбедно користење на интернет просторот. Останатите се изјасниле дека во нивните училишта не се одржуваат вакви работилници или дека не се информирани за тоа. 62.2 отсто од нив сметаат дека е многу важно постоењето на неформални врснички клубови во нивните училишта преку кои ќе се врши едукација за сајбер безбедност со цел подобрување на училишната клима и справување со насилството.

Позитивен е фактот дека 72 проценти од учениците се изјасниле дека би побарале помош од стручна служба, класен раководител или од самите родители

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Штип УГД во борба за одбојкарската титула