
Во првото пријавување за средните училишта се запишаа 13.712 ученици, најголем дел од нив во стручното образование.
Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање од 14 до 17 јуни 2025 година и доставување на потребната документација од 18 јуни до 19 јуни 2025 година. Ранг листи се објавија на 20 јуни 2025 година.

Согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година во Република Северна Македонија, кој е објавен во месец март 2025 година, предвидено е во училиштата каде во ранг листата има поголем број ученици со исти бодови, да се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети и тоа:
– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика
– за здравствена струка – биологија и хемија
– за другите струки – мајчин јазик и математика.
Врз основа на финализираните ранг листи за првото пријавување добиени се следните податоци:
Во првото пријавување вкупно се пријавија 16 601 ученици од кои:
11 709 ученици за настава на македонски наставен јазик,
4 533 ученици за настава на албански наставен јазик,
346 ученици за настава на турски наставен јазик и
13 ученици за настава на српски наставен јазик.
Во првото пријавување вкупно се запишаа 13 712 ученици од кои:
10 172 ученици за настава на македонски наставен јазик,
3 248 ученици за настава на албански наставен јазик,
279 ученици за настава на турски наставен јазик и
13 ученици за настава на српски наставен јазик.
Според видот на образованието, повеќе од две третини од пријавените, или вкупно 9469 ученици се запишале во стручните училишта. Во гимназоиското образование се запишани 4234 ученици.