ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.08.2025
(Видео) Приказни за сајбер насилство раскажани преку „Ало Бушавко“

Најтешките последици од секое насилство, па и од она во сајбер просторот, доаѓаат од случаите кои остануваат непријавени. Огромен број на деца, млади, кои поради невнимание, незнење, наивност, поминале низ пеколот кој го носи сајбер булингот. Исто така голем дел од нив не го ни пријавиле случајот – дали од срам, дали од незнаење каде можат да се обратат… Последиците се тешки и оставаат рани во младите души, рани кои тешко заздравуваат.

Токму на довербата која е потребна да се собере храброст и да се каже некому сопствената тажна приказна за злоупотреба, сајбер булинг и насилство, педофилија, долги години работи отворената телефонска линија „Ало Бушавко“, на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Во последниот од серијата документарци на гоце.мк, ја раскажуваме токму приказната за оние кои ги слушаат приказните на децата и младите кои го искусиле ужасното искуство на насилство, во најразлични форми.

Ова е приказна раскажана преку телефонските оператори во линијата Ало Бушавко, на Меѓаши, луѓе кои секојдневно слушаат што се случува со младите во оваа земја. Ова се сведоштва кои освен со овие телефонски оператори, не се споделени со никој друг…

Лолита Спирова: Исхраната не е тренд, зад неа стои стручен и научно поткрепен пристап
Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија