
Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ – Скопје, во изминатите два месеци го реализираше проектот „Користење на документарен филм како алатка во наставата во средното образование“, овој проект беше дел од фондот „Градење мостови“ на мисијата ОБСЕ во Скопје.
Ѓоргиева: “Денес сме многу поблиску од било кога до филмската индустрија на Запад”
Професорите во соработка со тимот на „МакеДокс“ работеа на создавање на модел лекции за два документарни филма, кои можат да се користат како алатки во наставата. Во реализација на овој проект учествуваа 11 професори од средни училишта кои предаваат на македонски и албански наставен јазик.
За професорите од средните училишта кои присуствуваа беа обезбедени прирачници со инструкции за користење на двата филма на часовите, на македонски, албански и турски јазик.
Настанот се одржа според протоколите на Владата за организирање јавни настани.