ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.03.2024
Природни езера во Македонија

Трите природни езера во Македонија се магнет за домашните, но и за странските туристи. Ако имате гости од странство, тогаш неизбежно е да ги однесете да посетат некои од трите природни езера во Македонија и нема да зажалите за тоа.

Охридско Езеро

Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство.

Езерото покрива површина од 358,2 km2 и се протега во должина од 30,8 km, а најголемата широчина изнесува 14,8 km. Должината на брегот изнесува 87,5km. Неговата длабочина достигнува до 289 m. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 km3.

Дојранско Езеро

Дојранското Езеро е најмало тектонско езеро во Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км². Западниот, поголемиот дел зафаќа 27,3 км² и припаѓа на Македонија а источниот, помалиот дел кој зафаќа 15,8 км² и припаѓа на Грција.

Површината на езерото изнесува 42,7 км², од кои 15,6 км² и припаѓаат на Грција, а 27,1 км² на Македонија. Површината на Дојранското Езеро се менува во зависност од водостојот, така што во литературата и во официјалните публикации се сретнуваат различни податоци од 41,9 до 43 км². Треба да се констратира дека ова езеро е најмало по површина, од трите тектонски езера во Република Македонија. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 24 км.

Преспанско Езеро

Преспанското Езеро е природно езеро кое го делат три држави: Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата.

Големото Преспанско Езеро се наоѓа на надморска височина од 853 метри и има површина на воденото огледало од 276,2 км2, од кои во Македонија 191.4 км2, во Грција 37,6 км2, во Албанија 46,2 км2. Најголемата длабочина на Преспанското изнесува 76 метри, додека максималната должина изнесува 28 километри, а најголемата широчина 17 километри.

 

 

 

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автори: Антониа Симјоновска и Меланија Панева

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите