Британската амбасада во Скопје објави конкурс за млади студентки од Северна Македонија на возраст од 18 до 22 години, кои сакаат да бидат „Амбасадорка за еден ден“.
Амбасадорот Метју Лосон ја најави оваа можност преку официјалните профили на амбасадата на Facebook и X. Победничката на натпреварот ќе добие уникатна прилика да го следи британскиот амбасадор во Северна Македонија во текот на неделата на Меѓународниот ден на жената. Таа ќе има можност да се запознае со работата на амбасадорот и другите лидери во дипломатијата.
Жените и девојките претставуваат половина од светската популација и, следствено, половина од нејзиниот потенцијал. Сепак, денес има премалку жени во меѓународната дипломатија, особено жени од недоволно застапени средини – без разлика дали тоа е етничка, верска, економска, културна или лична идентификација. За да се стави крај на оваа нееднаквост, неопходно е да се овозможи еднаква шанса за сите.
Затоа ги охрабруваме младите студентки да ги кренат своите гласови за прашања што не засегаат сите. На 3 март 2025 година, тие ќе добијат можност да ѕирнат зад кулисите на Британската амбасада во Скопје и да се инспирираат за лидерство и позитивни промени.
Како да аплицирате?
За да учествувате, потребно е да напишете есеј на англиски јазик (до 500 зборови) одговарајќи на прашањето:
„Која влијателна британска жена би сакале да ја запознаете и зошто?“
Есејот треба да се испрати на BritishEmbassySkopje@fcdo.gov.uk најдоцна до 23 февруари 2025 година.
Повеќе информации за натпреварот „Амбасадорка за еден ден“ и начинот на аплицирање можете да најдете тука.